Бранителот на шампионскиот пехар им покажа на битолчани како треба да се игра во трката за најдобрата стартна позиција.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ПЕЛИСТЕР 95:76
Домашната екипа беше доминантна од првата до последната минута во дербито на првиот круг од Суперлигата. „Металците“ се погрижија овие 40.минути ов СЦ „Јане Сандански“ да не изгледаат како натпревар во кој се решаваат доста работи во трката за првото место.
Пред се, за прв пат во оваа сезпона, МЗТ Скопје Аеродром го совлада Пелистер. Што значи дека „зелено-белите“ ја испуштија и првата шанса да ја потврдат „единицата“, па сега скорот во меѓусебните дуели е (2-1) во нивна корист.
И така ќе биде до десеттиот круг од Суперлигата, кога следува и оној возвратен дуело во Битола. „Пелистерци“ остануваат како први, моментално, поради подобрата кош-разлика во однос на МЗТ Скопје Аеродром, екипа која потврди дека во неа има акумулирано поголемо количество на квалитет, потребен за играње на натпревари во кои се бара победа, скоро и по секоја цена, и игра која е достојна за одбрана на трофејот.
Го покажаа тоа момците на Александар Петровиќ низ текот на играта. Особено добри домаќините беа во првото полувреме во кое и се стекнаа со висока позитива. За 20 минути акумулираа вишок од 12.поени (47:35).
Но решавачкиот удар на противникот му го зададоа по одморот од 15.минути. Најефикасната четвртина во дербито дојдоа до 31.поен, примија 11 помалку, за (78:55) и премногу за Пелистер, кој мора да покаже многу повеќе од овие 40.минути од средбата во Аеродром, во која „металците“ делуваа како вистински колектив во кој сепак поентерски,интересно, се издвоија високите играчи, како Милошевиќ со 17, Дејвис со 16, и Рикиќ со 13 реализациии, а „двоцифрен“ беше и Дамјан Стојановски со 12. постигнати поени.
Кај Пелистер, српскиот троец, Малешевиќ-Кесар-Крстајиќ изброи вкупно 44. поени,
ГОСТИВАР – ТФТ 92:85
По уводното водство кое го имаа гостите од Скопје, изградено во првите десет минути (1916), работите почнаа да се менуваат на почетокот на втората четвртина. „сино-белите“ заиграа одлично во нападот, видливо и во резултатот. Ефикасниот период гостиварци го крунисаа со дури 33. реализации, доволно за да се стекнат со солидно водство на полувремето (49:40).
Се чини дека уште подобро играа и во продолжението на средбата во „Младост“. Третиот дел од играта им послужи на домашните кошаркари да побегнат и на уште поголема позитива. Па дури и да си дозволат мало опуштање во последната кое не ја загрози победата, тука само онаа крајна разлика која стигна до „само“ седум поени.
Тодоровиќ и Силаџи уфрлија по 17.поени, а “десетката“ кај Гостивар ја надминаа и Ефремовски кој даде 14, Јанески беше стрелец на 13, а Гетлинг на 12. поени, па сега, по пет суперлигашки кола и двете екипи имаат идентичен ефект (15-12).
Кај ТФТ, исто така пет двоцифрени кошаркари предводени од Смит кој на 20.поени додаде и седум скока, додека дабл-дабл реализираше Лендриус Хортон (11.поени и 12.скока)
ПРВА ЛИГА-МАЖИ - СУПЕРЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 95:76
Гостивар – ТФТ 92:85
Феникс 2010 – Еуро Никел 2005 76:67
ТАБЕЛА: Пелистер 23-4, МЗТ Скопје Аеродром 23-4, Еуро Никел 16-11, ТФТ 15-12, Гостивар 15-12, Феникс 14-13;