06.05.2022

Веројатно со својот прв адут, Бојан Трајковски, ќе бараат успех во сабота наутро против ко-лидерот на табелата.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-6. КОЛО СУПЕРЛИГА / 5.КОЛО-ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Феникс 2010 по изненадување и во Битола

Половина од натпреварите од Суперлигата се веќе одработени. По пет остануваат и оние „возвратни“ пет натпревари по кои ќе стане јасно кои две екипи освен водечките, Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром, ќе играат во полуфиналето од плеј-офот.

Екипата на Пелистер го загуби првото место, подобро кажано сега, по поразот во синоќешниот дерби-дуел со МЗТ Скопје во Аеродром, има предност само во кош-количникот, како и фактот дека можеби решавачкиот меч за првата позиција ќе го играат на домашен терен, во рамките од последното, десетто коло од оваа втора фаза од првенството.

Утре претпладне, во еден ран термин (12.часот), битолчани ги чека уште еден сериозен испит, да бидат подобри од се подобриот (макар и без помошта на странски кошаркари), состав на Феникс 2010, во чии редови најверојатно ќе се врати најискусниот, Бојан Трајковски.

„Фениксовци“ веќе реализираа неколку суперлигашки победи, кои пак донесоа уште поголема самодоверба во составот кој го предводи Денис Дервишевиќ.

За “пелистерци“ почна да се јавува и императивот на победување, за одбрана на лидерското место на кое се скоро од самиот старт на сезоната.

МЗТ Скопје Аеродром останува „дома“, во „Јане Сандански“, каде во недела од 19.часот ги чека дуелот со екипата на ТФТ. Една од четирите кои „војуваат“ за две места во доигрувањето.

Засега, Еуро Никел 2005 (скор 16-11) има победа плус во однос на ТФТ и на Гостивар (15-12), па особено важен ќе биде дуелот во салата „Младост“ во Гостивар во кој домаќините со самодоверба плус по успехот против ТФТ, ќе се обидат да исчекорат уште повисоко, до позицијата која носи плеј-оф.

Извесно, кавадарчани имаа(т) тежок распоред. Во последните две кола ги загубија на гостувањата во Битола и во Скопје, а во недела вечер ги чека и третото, во Гостивар (од 18.часот).

Во Плеј-аут сегментот, останува прашањето дали двете последнопласирани екипи, Ангели и МЗТ Скопје Уни Банка, може да ја сочуваат теоријата за опстанок.

За да биде така, Ангели треба да го совладаат Кожув во натпреварот кој е закажан за сабота од 17.часот, во салата „Независна Македонија“, а МЗТ Скопје Уни Банка да го изненади Куманово 2009 на гостински терен, еден час подоцна (19.00).

Работнички и Навико Академија ФМП ќе играат за поправка на пласманот, односно „впечатокот“ оставен во изминатиот период.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА - ДВОЈКИ 6. КОЛО

7.МАЈ (САБОТА)

12.00: Пелистер – Феникс 2010

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/oRAr8ZR8mas

8.МАЈ (НЕДЕЛА)

18.00: Гостивар – Еуро Никел 2005

Сала „Младост“ – Гевгелија

https://youtu.be/e6imG4MYSsA

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ (МРТ)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/KCKwBstj0ec

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА - ДВОЈКИ 5. КОЛО

7.МАЈ (САБОТА)

17.00: Ангели – Кожув

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/u1GzkLdBTXA

18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка

Спортска сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/d_Mf9imWSzA

18.30: Работнички – Навико Академија ФМП

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/VRvgmdRO5cY