08.05.2022

Гостиварци не се откажуваат од плеј-офот, славеа и против екипата од Кавадарци (78:70).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-6. КОЛО СУПЕРЛИГА: Гостивар го победи Еуро Никел 2005 и го стигна на табелата

Уште една победа на домашен терен запишаа кошаркарите на Гостивар. Вечерва, пред својата верна публика во „Младост“ го совладаа и искусниот тим на Еуро Никел 2005

ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ 2005           78:70

Беа подобри од подоброрангираниот противник од Кавадарци. Откако пред крајот на првата четвртина го преземаа, до крјаот на средбата не го дадоа водството. Негативата од два поени (12-10), до истекот на првата четвртина ја претворија во плус 4, (18:14).

Израмнет беше и вториот дел од играта, во кој ниту една до двете екипи не успеа резултатски да се одвои. Освен по три минути игра, кога по тројката на Гетлинг, „сино-белите“ имаа (25:18), што беше и највисоката предност во првото полувреме, кое финишираше со нешто пониски (38:33).

Слично беше и во второто полувреме. Уште еднаш, сега по тројката на Ефремовски, и поентирањето на Рансом, Гостивар дојде до, тогаш, највисока позитива (51:42).

Но не се задоволија со тоа домашните кошаркари. Благодарение на добрата игра во одбрана, изградија и уште повисоки (55:44). Но Соколов намали на (54:61) на истекот на третата четвртина.

Во онаа последната нови обиди на кавадарчани да ја стигнат убдливата предност на Гостивар. Но не успеаа во тоа избраниците на тренерот Горaн Самарџиев кои го впишаа и третиот пораз во серија на гостински терен.

Пораз по кој сега, со ефект (16-12), се изедначени со Гостивар на третото место на табелата.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

6. КОЛО СУПЕРЛИГА - РЕЗУЛТАТИ

Гостивар – Еуро Никел 2005    78:70

Пелистер – Феникс 2010           100:58

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ    (во тек)

ТАБЕЛА: Пелистер 24-4, МЗТ Скопје Аеродром 23-4, Гостивар 16-12, Еуро Никел 2005 16-12, ТФТ 15-12, Феникс 14-14: