Не застанува бранителот во титулатa во обидите да го земе првото стартно место во доигрувањето. Наплатија уште една „камата“ на нивниот должник – екипата на ТФТ.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 104:81
Многу работи на дуелот во „Јане Сандански“ станаа појасни по само една одиграна четвртина, првата. Во десет минути „металците“ постигнаа 30.поени, примија 19, за двоцифрена предност која им дозволи далеку покомотна игра против нивниот голем должник од оваа сезона, екипата која им го зема пехарот во националниот Куп не делуваше победнички во Аеродром.
Иако пред нив беа три четвртини, „црно-белите“, не успеаја во ноту едне момент да го загрозат тоа водство кое на приме,р на полувремето, беше уште пивисоко (55:43).
По релативно израмнетата трета четвртина, „сино-белите“ го потврдија новиот успех во последната, кога се одвоија и на разлика поголема од 20.поени.
На четири кола до крајот на Суперлигата, МЗТ Скопје Аеродром има исте ефект како и Пелистер (24-14), додека пак ТФТ падна на петтото место со скор (15-13).
Она што може да го радува тренерот на бранителот на титулата, Александар Петровиќ е фактот дека петмина играчи дојдоа до двоцифрен број на поени. Одлично одработија, пред се, високите играчи.
Рикиќ застана на 21. реализација, Милошевиќ имаше 18, Дејвис 12, а Крстевски уште 10.поени.
За ТФТ малку беа поените на Хортон, кој даде 28, како и оние 16 кои дојдоа од Костоски и од Смит.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
Гостивар – Еуро Никел 2005 78:70
Пелистер – Феникс 2010 100:58
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 104:81
ТАБЕЛА: Пелистер 24-4, МЗТ Скопје Аеродром 24-4, Гостивар 16-12, Еуро Никел 2005 16-12, ТФТ 15-13, Феникс 14-14;