07.05.2022

„Пелистерци“ имаа посебни мотиви, ги прикажаа на теренот, и повеќе од убедливо го победија новакот во друштвото на најдобрите (100:58)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-6.КОЛО СУПЕРЛИГА: Пелистер не даде нова шанса за изненадување во Битола

Во првиот натпревар од 6. коло од Суперлигата, актуелниот ко-лидер на табелата, полесно од предвидувањата излезе на крај против младиот тим на Феникс 2010.

ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010          100:58

Сериозен пристап кон обврските, далеку поголема вложена енергја во одбраната, ефикасен напад... Сето тоа беа одликите на играта на Пелистер во првото полувреме од дуелот со Феникс 2010.

Затоа по 16.минути игра, „зелено-белите“ имаа двојно поголеми (42:21) против изненадувањето во лигата, кој и овој натпревар во Битола го одигра само со домашни играи, мешу нив не беше ниту Бојан Трајковски, кој не ја санира во целост повредата која го одвои од теренот во последните недели.  

Особено мотивиран во тој период од играта беше Малешевиќ, кој прв стигна до двоцифрен број на поени – 13. Таа разлика битолчани ја задржаа и до истекот на првото полувреме. Во второто влегоа со високи (49:27), како најава за нова победа со која на четири кола од крајот на вториот дел од Првата лига, останаа на првата стартна позиција.

По четири минути игра во третиот период, Пелистер стигна и до плус 30 (61:31), за дефинитивна потврда за победата број 24, со која барем во наредните 24 часа ќе биде осамен на првото место со ефект (24-4), додека за екипата на Феникс 2010 ова беше 14 пораз во 28.одиграни мечеви во прволигашката конкуренција.   

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

Пелистер – Феникс 2010             100:58

8.МАЈ (НЕДЕЛА)

18.00: Гостивар – Еуро Никел 2005

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/e6imG4MYSsA

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ (МРТ)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/KCKwBstj0ec

ТАБЕЛА: Пелистер 24-4, МЗТ Скопје Аеродром 23-4, Еуро Никел 2005 16-11, Гостивар 15-12, ТФТ 15-12, Феникс 2010 14-14;