По три порази, Работнички дојде до првата победа во вториот дел од сезоната
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 98:63
Иако ја немаа помошта од своите навивачи, домашниот тим го совлада Гостивар со повеќе од убедливи 35 поени разлика.
А како играа двете екипи во „Кале“ најдобро говори и уште еден податок дека разликата можеше да биде уште поголема, затоа што во еден период, Работнички водеше и со 43 поени.
Уште на стартот, во 7. минута, Работнички водеше со (18:5), а на почетокот од втората четвртина и со (31:14). Гостиварци беа без одговор, особено за напаѓачките моменти на Камерон Форте, кој уште во првите десет минути постигна 12 поени.
На полувремето беше уште поголелеми (51:24), а веќе по три минути игра во вториот дел Работнички ја мина границата од 30 поени предност (61:31). Предноста продолжи да се зголемува, до највисоките (98:55), на две минути пред крајот на мечот.
Форте заврши со дабл-дабл од 27 поени и 10 скока, Малешевиќ додаде 18 поени, а Џексон еден помалку. Кај Гостивар, Корсантиа оствари дабл-дабл со 14 поени и 10 скока, но до почетокот на последната четвртина, ниеден гостински кошаркар немаше двоцифрен број поени.
Ова беше шести пораз по ред за гостиварци на гостински терен.
СТРУМИЦА 2022 – ПЕЛИСТЕР 77:101
Пелистер ја продолжи победничката. Битолчани беа и ефикасни и убедливи на гостувањето кај Струмица. Во салата „Парк“ славеа со плус 24, и ја продолжија трката за лидерското место на табелата на кое е бранителот на титулата, МЗТ Скопје Аеродром.
Струмичките „сино-бели“, кои за прв пат пред својата публика ги предводеше Јорданчо Давитков, беа рамноправен противник само во 14. минути од мечот. Но серијата од (8-0) при крајот на првото полувреме донесе двоцифрена предност за битолчани (35:25).
Од тој момент „зелено-белите“ практично ја преземаа иницијативата и не ја испуштија до самиот крај. И повеќе од доволно за победа број 12, во 15 одиграни кола.
Повеќе од победата тренерот Марјан Илиевски веројатно го радува враќањето во тимот на Стајиќ и на Хаџифејзовиќ, секако и комплетно доброто поентерско издание на стартните пет, во кои со 22 поени се довои Карпентер, 19 имаше токму Хаџифејзовиќ, Маслинко дополни со 15, а Карутерс со уште 11, што заедно со ефектот на Стајиќ од девет поени и десет асистенции се покажа како премногу за струмичани кои остануваат на дното на табелата.
Макар и со уште едно одлично поентерско издание на Крстајиќ, стрелец на 26.поени, следен од Обиквели кој даде 16, на Кортез уште 11.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ТФТ MOZZART 69:73
Двата тима одиграа одлично во одбраната во првите десет минути, но гостите од Скопје завршија со предност од три поени (14:17).
Тешко се постигнуваа поени на двете страни и во вториот период. Но за разлка од првиот, Еуро Никел 2005 беше екипата која имаше „вишок“ од три поени, за нерешен резултат на полувремето (34:34).
Израмнето се играше и во третиот период, во кој кавадарчани беа за нијанса подобри и по три периоди имаа минимална предност (54:53). А кавадарчани и први се одвоија во последниот период, кога поведоа со (63:59), и буквално застанаа.
Следуваше голем пад во играта на Еуро Никел 2005, практично самите го вратија гостинскиот состав во игра. Со серија од девет поени, ТФТ го презема водството (68:63). Но кавадарчани одговорија со четири поени за натпреварот да го претворат во драматичен. Намалија на (67:68) на влезот во последната минута во која прво Хаутон беше половичен од линијата за слободи фрлања за (69:67), но не згреши Костоски, кој од истата позиција погоди по нереализираниот обид на Гавриловиќ за недостижни (71:67). Навистина, во следниот обид Гавриловиќ реализираше за (69:71). Но уште еднаш Костоски беше мирен од линијата за слободни фрлања, и го реши прашањето околу победникот.
Токму Костоски со 25 поени беше прво име во таборот на победникот, Батрик имаше уште 15, додека кај поразените Гавриловиќ и Планиниќ завршија со 17, а Ѓекиќ имаше уште 11 поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО
Работнички – Гостивар 98:63
Струмица 2022 – Пелистер 77:101
Еуро Никел 2005 – ТФТ Mozzart 69:73
Чаир 2030 – Кожув 79:86
Куманово 2009 – Феникс 2010 (во тек)
13. ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
18.00: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Независна Македонија “- Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W8rRyGx4PZs?feature=share