01.04.2023

Рутинерски одработија „црвено-белите“ против составот од Чаир (83:67)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Чаир 2030 е во „архивата“, Работнички оди кон горните позиции

Полека, но сигурно, најтрофејниот клуб кај нас се искачува кон горните позиции на табелата. По победата над дебитантот од Чаир, „црвено-белите“ се веќе на петтото место...

РАБОТНИЧКИ – ЧАИР 2030       83:67

Домашната екипа имаше далеку подобар старт. Уште во раната фаза од натпреварот во СРЦ „Кале “ се стекнаа со двоцифрено водство, беше (25:15) по десет мибути игра, што беше најава за нов триумф за Работнички.

Без Мохамед Јусуф, својот најдобар играч во досегашниот дел од сезона во ротацијата чаирчани не претставуваа вистинска закана за противникот. До истекот на полувремето, Работнички „побегна“ на уште повисока разлика (46:33).

Најизедначено се играше во третата четвртина онаа во која домашните кошаркари и не форсираа како што тоа го правеа во првите 20 минути. А дилемите околу победникот воопшто и не постоеја.

А ново одлично издание прикажа Џелетовиќ, кој на 23 поени додаде уште и осум скока и три асистенции. Малешевиќ заврши со 16.поени, шест скока, и три асистенции, додека пак Бакоч стигна до дабл-дабл, беше изразен со реализација на 13.поени и десет скока за нецели 30 минути на теренот.

Кај гостите, Роби уфрли 17, Мустафица 16, а младиот Реџа уште десет поени.

По ова 20 коло, тимот од „Градски парк“ е на скор од 12 победи и 8.порази, доволно да дојде до позицијата број 5, а Чаир 2030 пак останува на пет победи и 15 порази.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20. КОЛО

Работнички – Чаир 2030            83:67

ТФТ Mozzart – Струмица 2022 92:82

19.30: Гостивар – Еуро Никел 2005

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5rC0qUZvw-g?feature=share

20.30: Пелистер – Феникс 2010

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iXbdGnHN5no?feature=share

3.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.30: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Rpx4SHY96Rk?feature=share

4.АПРИЛ (ВТОРНИК)

18.00: Навико Академија ФМП – Куманово 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zPEshf08DZU?feature=share