02.03.2024

Екипите на Охрид и Чаир ја искористија предноста на домашниот терен и славеа победи во дуелите со Еуро Никел и Гостивар.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Чаир 2030 и Охрид без попуст за гостите

Екипите на Охрид и Чаир ја искористија предноста на домашниот терен и славеа победи во дуелите со Еуро Никел и Гостивар.

ОХРИД – ЕУРО НИКЕЛ 2005      77:71

Домаќините го отворија натпреварот со (5:0). Континуирано ја одржуваа предноста во првата четвртина што ја добија со (14:12). Во втората, подобри беа кавадарчани. Имаше Еуро Никел и „вишок“ од седум поени (32:25), но на одмор се замина со израмнет резултат (39:39).

Во второто полувреме гостите само три пати имаа поен предност последната (57:58). Со серијата од седум поени, охриѓани повторно се “одлепија“, а тоа се покажа како решавачки миг на натпреварот. Знаеја домашните како да ја сочуваат предноста и на крајот да слават со конечни (77:71).

Во четвртата победа на Охрид сезонава, најефикасен беше Димовски со 19 поени кој додаде и седум скокови. Тој имаше поддршка од американското трио, Бровер со 15, Андерсон и Лајонс со по 14 поени.

Кај кавадарчани, Дубински реализираше 18, а Смит Мексвејн  поени.

ЧАИР 2030 – ГОСТИВАР  89:78

Интересен натпревар одиграа екипите на Чаир 2030 и Гостивар, а заврши со победа на домаќините.

Во првара четвртина гостиварци имаа и девет поени предност, но ја добија со минимални (22:20). Во втората, домаќините беа оние кои имаа +8, (30:22), за на пауза, резултатот да гласи (45:42) за екипата од Чаир. 

Иако на почетокот на второто полувреме чаирчани имаа и +11, во три наврати, Гостивар остана во игра. Во последниот период домашниот состав влезе само со поен плус (64:63). Но, немаа сили избраниците на тренерот Давитков да направат комплетен пресврт, а Чаир крајот славеше со 89:78.

Сите играчи од првата петорка на Чаир 2030 имаа двоцифрен број на поени.   Најмногу, 20 даде Какруки. На спротивната страна Американецот, Инграм постигна 20, а неговиот сонародник Вилијамс со 36 беше најефикасен актер на средбата во салата „Шабан Трстена“ во Чаир.

Со оваа победа, Чаир 2030 сега има 31 бод, исто како и лидерот МЗТ Скопје Аеродром, а еден повеќе од Работнички. Но вечните ривали утре ќе ги одиграат своите натпревари од оваа рунда.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО

ТФТ Моцарт – Пелистер 77:66

Вардар – Кожув    78:92

Чаир 2030 – Гостивар      89:78

Охрид – Еуро Никел 2005         77:71

3.МАРТ (НЕДЕЛА)

19.30: Работнички – Навико Академија ФМП

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/t6DS54LTaLM?si=K8_MNS9aE9n6f8Dm

20.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/FL2KfPBYm9Q?si=mUsh7bRJcznbhS7-

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31 (-1), Чаир 2030 31, Работнички 30 (-1), Еуро Никел 2005 30, Пелистер 30, ТФТ Mоцарт 30, Феникс 2010 27 (-1), Гостивар 23, Кожув 22, Охрид 22, Академија ФМП 21 (-1), Вардар 21;