24.12.2023

На свој терен, чаирчани беа убедливи против ТФТ Моцарт (81:63)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Чаир 2030 останува дел од ТОП 5 друштвото

Дуелот во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, би се рекло и неочекувано, беше решен уште во првото полувреме...

ЧАИР 2030 – ТФТ МОЦАРТ        81:63

Дваесет повеќе од одлични минути одиграа кошаркарите на Чаир 2030. Масимално го искористија оној евидентиран кризен период на „црно-белите“ евидентиран и низ настапите во АБА 2 лигата во текот на оваа седмица.

Едноставно, во првото полувреме на теренот постоеше само една екипа-домашната. Реализираа чаирчани дури 57. поени во тој дел од играта, на противникот му дозволија да даде многу помалку, само 33.

И се чини дека тука ги тргнаа сите дилеми околу тоа кој ќе биде победник на овој, за двете екипи, последен меч во 2023 година.

А немаше дилеми дека Диванте Мофит е играчот на овој натпревар. Уште во првото полувреме, бекот на Чаир 2030 комплетираше ефект од 28.поени, до кои дојде само со еден нереализиран обид од поле. Имаше неверојатни (12/13) во обидите вредни за два односно за три поени) и максимални (3/3) од линијата за слободни фрлања).

Гостите од Тафталиџе заиграа нешто подобро во второто полувреме. Намалија дел од високата негатива. Но не испратија вистинска закана за некое комплетно “враќање“. По три одиграни чевртини, Чаир 2030 имаше комотни (68:49), кои ги одржуваа и во оние преостанати десет минути, резервирани и за оние играчи од „втората единица“.

Мофит застана на 34.поени (сва скока и две асистенции) за само 21:35 минути во игра, Корбет беше блиску до стандардните бројки, даде 16.поени, додаде и осум скока.

Кај ТФТ Моцарт, Зафиров постигна 11.поени. За Црно-белите“ ова е шести пораз во 13.одиграни кола, со кој сега се на делба на 6.позиција на табелата (заедно со екипата на Феникс 2010).

Инаку, „надвор“ од планираните термини за време на овој викенд, ќе се одиграат два натпревари.

Првиот е предвиден да се игра во Гостивар, на 26. декември (вторник), со почеток од 18.часот, каде гостува актуелниот лидер на табелата, МЗТ Скопје Аеродром.

Ден подоцна, во СРЦ „Кале“, исто така од 18.часот, ќе се сретнат екипите на Работнички  и Пелистер.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО

Чаир 2030 – ТФТ Моцарт           81:63

Навико Академија ФМП – Охрид       96:88

Кожув – Еуро Никел 2005         81:86

Вардар – Феникс 2010   89:104

26. ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК)

18.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/OWSIugI7fA4?si=WycYqZslDnKT5cDT

27.ДЕКЕМВРИ (СРЕДА)

18.00: Работнички – Пелистер

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8oVxQiRn3Po?si=CXFzTmQeA79DUPLe

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 23, МЗТ Скопје Аеродром 23 (-1), Чаир 2030 22, Пелистер 21 (1-), Работнички 20 (-1), Феникс 2010 20, ТФТ Моцарт 20, Кожув 16, Гостивар 16 (-1), Вардар 16, Навико Академија ФМП 16, Охрид 15;