Неверојатно возбудлив, на крајот и драматичен натпревар одиграа екипите на Еуро Никел 2005 и на Шаир 2030. Немаше победник во регуларниот дел (82:82), а победникот мораше да биде добиен по екстра период од пет минути. За на крајот да се радуваат гостите од Скопје...
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ЧАИР 2030 93:94
Екипата од Кавадарци беше за нијанса подобра противник во првата четвртина. Ја решија во своја корист со (22:18).
Но гостите од Скопје имаа подобар почеток на втората. Со серија од (9-3), во 15.минута, преминаа во водство (27:25). Нешто потоа и нешто повисоки 933:29). Но тоа беше на „краток рок“, затоа што кавадарчани брзо се враќаа. На три минути пред големиот одмор, по трите поени кои дојдоа од Смит мексвејн, Еурп Никел 2005 беше во водство (34:33).
На полувремето, резултатската „вртелешка“ застана на страната на Чаир 2030, макар и минимална (38:37).
По паузата, гостите успеваа да ја одржат предноста на својата страна. Во еден момент имаа плус и од шест поени (52:46), но ништо повеќе од тоа. Истиот вишок, Чаир 2030 го имаше и во 28.минута од играта во салата „Јасмин“, (58:52), за тој трет период да биде затворен со уште повисоки (64:57) за гостите.
Чаирчани имаа и (70:62) во 33.минута, по што дојде редот на кавадарчани да се враќаат „назад во натпреварот“. Со неколку тројки (последната на Дубински), се доближија на -3, (72:75).
Но Галовеј, потпомогнат од Мустафица, го одбија тој напад го вратија водството (80:72), но до крајот на играта имаше само 1:55 минути.
Период во кој Дубински со нова тројка, ја врати надежта на кавадарчани дека можат да направат целосен пресврт. Намали домашната екипа на (77:80) на влезот на последните 60.секунди. Погоди уште еднаш, за три поени, одличниот американски бек на Еуро Никел 2005, за изедначување (80:80). Но врати Какруки, со „двојка“ за да донесе нова предност на страната на Чаир 2030, и да остави 17.секунди за одлука.
Десетина секунди подоцна, Соколов беше фаулиран, и доби две слободни фрлања. Откако не го искористи првото, сакапе да иницира „нов напад“, со нереализирано второ слободно фрлање.
Сепак, судиите проценија дека тоа беше спротивно од правилата, топката ја доделија на гостинската екипа. Грубо погрешија чаирчани, направија офанзивен прекршок по кој Смит Мексвејн доби шанса. Ја искористи, ги погоди двата „пенали“ за егал-резултат (82:82), а Соколов, со звукот на сирената, не погоди ниту за три поени да му донесе победа на Еуро Никел 2005.
Мораше да се играат дополнителни пет минути...
Во нив, нова тројка, и тоа како важна, погоди Смит Мексвејн за одвојување на (87:82). Но гостите го имаа Рушити, кој врати двојно, погоди две троји по ред, за нова промена на водството (92:90), на гостинската страна.
Но до крајот имаше 33.секунди, во нив, Соколов се „поправи“ за сите претходни нереализирани обиди, и тоа како, погоди тројка, за (93:92)!
Ама конечниот збор го имаа гостите, поточно Далгер, кој го погоди најважниот шут на овој неверојатен натпревар во „Јасмин“, вреден победа за Чаир 2030.
Одличниот напаѓач, пред се, Галовеј, испорача 30 поени, Какруки имаше 22 (и осум скока), два помалку даде Далгер, но последните два беа решавачките.
Кај Еуро Никел 2005, четири играчи од стартните пет завршија како „двоцифрени“. Односно Дубински реализираше 28.поени, Соколов застана на 21, Смит Мексвејн имаше 19, а Врањеш уште 18.поени.
По ова 21.коло, Чаир 2030 сега е на скор (14-7), додека Еуро Никел 2005 има ефект (13-8).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 21.КОЛО
Еуро Никел 2005 – Чаир 2030 93:94
Гостивар – Кожув 104:73
Феникс 2010 – Работнички 69:98
25. МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК)
17.00: Охрид – ТФТ Моцарт
Сала „Билјанини извори“ – Охрид
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/izRsc4KBjSE?si=w8l98j_9yGAorFq0
27. МАРТ (СРЕДА)
19.00: Пелистер – Навико Академија ФМП
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/vVQy9yTMRa4?si=Wy_C7iZcwhirovDg
19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Вардар
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/H7n705KdPok?si=7mxjlIkSVMHZRbO3
ТАБЕЛА: Работнички 38, МЗТ Скопје Аеродром 36 (-1), Чаир 2030 35, Пелистер 34 (-1), Еуро Никел 2005 34, ТФТ Mоцарт 33 (-1), Феникс 2010 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 25 (-1), Навико Академија ФМП 24 (-1), Вардар 23 (-1);