25.11.2023

Со неверојатна трета четвртина, бранителот на титулата направи (32-5), за прекин на дилемите, кој е „број еден“ во шампионатот (91:58)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Чаирчани имаа сили за едно полувреме, а потоа МЗТ Скопје покажа зошто е шампион

Една неверојатна четвтртина, онаа третата, им беше доволна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром да го нокаутираат својот прв „предизвикувач“ во првиот дел од сезоната во Првата лига, Чаир 2030, и да дојдат до повеќе од убедлива победа со која побегнаа уште еден чекор понапред во однос на конкуренцијата. 

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЧАИР 2030 91:58

Двете првопласирани екипи на табелата во овој момент, играа во серии во кои се менуваа во поентирањето. Очигледно беше тоа, особено, во втората четвртина. По серијата од осум поени по ред, Чаир 2030 стигна до најубедливата предност. Гостите имаа плус од шест поени (25:19).

Но потоа дојде редот на домашниот тим, постигнаа дури 12 поени по ред, па МЗТ Скопје Аеродорм имаше позитива од шест поени (31:25), реализирана во рок од четири минути.

И не беше воопшто чудно што двете екипи заедно, комплетираа само 61 поен до полувремето.  

Минути за заборав беа тие 20 во дерби дуелот на 9.коло. Период од играта во кој двете екипи реализираа само едне тошне обид за три поени (гостите од девет обиди). Не се памети кога за последен пат МЗТ Скопје Аеродром завршил без постигната тројка за едно полувреме (не реализираа дури 12.ониди), а сепак водел, со (33:28).

А скоро половина од нив, вкуно 15. Беа дело на одличниот Танасковиќ.

Капитенот Дамјан Стојановски, со седум поени по ред, го донесе и првото двоцифрено водство за бранителот на титулата (42:31). За неполни четири миниту од играта, „металците“ направија серија од (11-3), за уште повисоки (44:31).

Во сериозна криза влегоа чаирчани во тој дел од дербито во кој противникот изгради и предност од 20.поени (52:32). Нешто потоа и )60:33) кога стана јасно дека тука некаде е крајот на дербито во СЦ „Јане Сандански“.

Танасковиќ застана на 21 реализиран поен, Д.Стојановски и Робев имаа по 11, а Миловановиќ уште десет кај МЗТ Скопје, додека на спротивната страна од теренот, тројца играчи со по десет реализации, Мустафица, Мофит и Реџа (сите во последниот период од играта).

ГОСТИВАР – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП      90:92

Дека резултатот во минатото коло со кој го победија Кожув не беше случајност, кошаркарите на Навико Академија ФМП, сега со нов тренер Љупчо Малинков, го потврдија и со добра игра на гостувањето во Гостивар.

Апсолутно изедначено се играше во првото полувреме од мечот во салата „Младост“ во Гостивар, а на истекот на 20.минути, двете екипи имаа по 46. поени. А дури 21. Од нив, во домашната екип,а реализираше Инграм (9/12 во шутот од поле). На другата страна пак дури тројца расположени поентери, Брукс, Сантана и Огундиран кои имаа 40.поени.

Гостите продолжија да играат добро и по паузата од 15.минути. Поведоа со (57:50). Слична предност гостите имаа и пред крајот на третата четвртина (60:53). А во последната минута од последната, Навико Академија ФМП поведе и со двоцифрени (65:55).

Но само пред да тргне серијата на Гостивар, онаа од 11.поени по ред, со која направија резултатски пресврт. Беше доволна да го преземат водството, макар и минимално (76:75), на повеќе од четири минути до крајот на играта.

На три минути пред крајот, двете екипи беа на 80. реализирани поени. Но до моментот кога Инграм даде уште една тројка (негов 30.поен) за нова предност на Гостивар (83:80).

Нерешено (88:88) беше и на 27.секунди пред крајот. Но наредниот напад Навико Академија ФМП го реши со поените кои дојдоа преку Брукс, за (90:88). Само 12. секунди им останаа на гостиварци за да дојдат до нерешен резултат или победа. Стигнаа до егал, со двете слободни фрлања на Инграм. Но во оние седум секунди кои останаа во херој за „лавовите“ од Кисела Вода се претвори Огундиран, кој ја поведе топката преку целиот терен, и со тежок шут, „преку човек“, погоди за победа.

Втора по ред за Навико Академија ФМП.

КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ  84:90

На мошне сериозен отпор наидоа кошаркарите на Работнички на гостувањето во Гевгелија. Особено тоа се однесува за првото полувреме во кое фаворитот имаше постојана предност, но и не успеа да обезбеди некое посеризно водство.

На истекот на 20.минути, гостите од Скопје беа во позитива, но од само два поени (49:47).

Ѓуроски и Трајс забележаа по десет поени за Работнички, додека свои добри минути во нападот кај Кожув, имаа Артисон и Пандев (заедно 25.поени).

Скоро ништо не сме смени во играта на двете екипи и по одморот. Никако не успеваа кошаркарите на Работнички да се одвојат на некоја разлика која ќе им (за) гарантира посмирена игра во минутите кога се решава прашањето на победникот.

Напротив Кожув преминаа во водство, имаа домаќините и предност од шест поени, (65:59) пред крајот на третата четвртина, која ја добија, но со нешто пониска разлика (65:63).

Подобро почна Работнички во четвртината на одлука, го врати водството на своја страна, поведе со (70:67). А по тројката на Трајс, гостите имаа и уште повисоки (78:69) на 3:45 минути до крајот.

Период од играта во кој екипата од Гевгелија не успеа да се врати, па фаворитот некако стигна до победата.  

Комплетната прва петорка на Работнички постигна десет или повеќе поени, а најмногу 21, беа дело на Трајс.

Сличен беше распоредот на поените и во гевгелискиот состав. Петмина кошаркари беа двоцифрени, а најмногу поен, 19, даде Артисон.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ТФТ МОЦАРТ      66:65

Кавадарчани има солидни (21:16) по десет одиграни минути. Но не се задоволија со таа предност. Притиснаа уште повеќе особено во фазата на одбрата. Го запреа офанзивниот тим каков што е ТФТ Моцарт на уште пониски 12 во вториот период. И повеќе од доволно за да си обезбедат голем плус 15 (43:28) на полувремето. Дел од играта во кој блескаше Врањеш, кој веќе беше блиску до дабл-дабл ефект (17.поени и 8.скока).

Нешто подобра беше играта на „црно-белите“ во третиот дел од играта. Но кавадарчани сепак го контролираа резултатот, по три одиграни периоди имаа сеуште високи (58:46).  

Но гостинската екипа немаше намера да се откаже. Напротив, се доближија момците од Тафталиџе до негатива од само четири поени (58:62), како што беше резултатот на средина од четврттата четвртина.

ТФТ Моцарт дојде и во ситуација да победи. На седум секунди пред крајот, имаа напад за водство. Но имаа неуспешен обид за „цепелин“ во кој топката не дојде до високиот Ифеје под кошот. Па победата остана во „Јасмин“.

Минимална, но заслужена, во која Врањеш дојде до 23.поени (и десет скока), Дубински имаше 13, а Смит Мексвејн и Глигоријевиќ по 10 за Еуро Ниел 2005.

Кај ТФТ Моцарт пак, 14 реализации дојдоа од Ташовски, а три повеќе имаше Луис.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 9. КОЛО

Гостивар – Навико Академија ФМП  90:92

Кожув – Работнички        67:63

Еуро Никел 2005 – ТФТ Моцарт          58:46

МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030 93:58

26.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

16.00: Пелистер – Вардар

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/K50Wh8KJ-1I?si=js45AgcnBOiqdF0Y

18.00: Охрид – Феникс 2010

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Ufq9TawLev4?si=Dken3IUHLo4cBiAl

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17, Еуро Никел 2005 15, Работнички 15, Чаир 2030 15, ТФТ Моцарт 14, Пелистер 13 (-1), Гостивар 13, Феникс 2010 12 (-1), Кожув 11, Вардар 11 (-1), Навико Академија ФМП 11, Охрид 9 (-1);