23.04.2023

Малку им беа и плус 14 на струмичани во дуелот против директниот конкурент, Чаир 2030 слави во „Парк“ (91:86)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Чаирчани ја турнаа Струмица кон втората лига

Струмица 2022 не успеа да фати приклучок во трката за опстанок меѓу прволигашите. И во последниот обид во регуларниот дел од сеозната, остана со празни раце. подобар од нив, особено во второто полувреме беше тимот на Чаир 2030, кој се чини дека со овие два бода е најблиску до позиција која носи играње во прбата лига и во следната натпреварувачка сезона.  

СТРУМИЦА 2022 – ЧАИР 2030 86:91

Дури осум кошаркари во домашната екипа, што не беше чест случај во изминатиот дел од сезоната, се запишаа во листата на стрелците во тој прв дел од играта.

Интересно, најмногу, десет имаше резервниот играч Кортез. Но битен момент за тренерот Јорданчо Давитков е што погодуваа стартерите од кои во тие 20.минути, Обуквелу имаше девет поени, а Шуцов еден помалку.

На другата страна одговараа, макар и на моменти, Роби и Цуцковиќ (двајцата по 11.реализации). но се чини дека недостасуваше уште некој, за овој меч, особено важен за двете екипи, особено за домашната, и некој трет, четвртти во екипата од Чаир, за доста порамноправна игра, барем во првото полувреме кое струмичани го добија со убедливи (52:38).

Но по одморот, се тргна подобро за гостите од Скопје, направија избраниците на тренерот Ерхан Рамадан, серија од (17-6), со која се вратија во мечот во струмички „Парк“. Намалија на достижни (55:58) во 26.минута од играта.  

Но, Обеквелу, со пет поени во серија го одби нападот на чаирчани. Го врати својот тим во безбедна зона, односно водство од (63:55), кое потоа го одржија Мамузиќ и Крстајиќ, (67:59).

Се играше во серии во тој трет дел од играта во кој уште еднаш, Чаир 2030, сега преку Пајиќ, се доближи на само „еден посед“ негатива (64:67).

Сепак. на почетокот на последната, „реприза“ на случувањата од третата. Гостите направија уште еден резултатски пресврт.

Прво, во само две минути, поведоа со (73:69). А по тројката на расположениот Роби, беа уште поблиску до триумфот имаа плус 8 (81:73).

Иако останаа да се одиграат уште цели шест минути, Струмица 2022 не најде сили да се врати уште еднаш, и да победи.

Ќе го дочека плеј-офот Чаир 2030 како најдобар а Струмица 2022 како екипа со најмалку шанси да побегне од позицијата на која што е по одигрување на ова последно, 22.коло од првата фаза од првенството-последната.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 22.КОЛО

Струмица 2022 – Чаир 2030     86:91

Гостивар – Феникс 2010 98:74

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер     95:93

Работнички – Кожув        58:86

Навико Академија ФМП – Еуро Никел 2005   76:87

ТФТ Mozzart – Куманово 2009 107:70

ТАБЕЛА: *МЗТ Скопје Аеродром (20-2), *Пелистер (17-5), *ТФТ Моzzart (15-7), *Гостивар (15-7), *Работнички (13-9), *Еуро Никел 2005 (12-10), *Феникс 2010 (11-11), *Кожув (10-12), **Чаир 2030 (7-15), **Навико Академија ФМП (5-17), **Куманово 2009 (5-17), **Струмица 2022 (2-20);

*-место во плеј-оф

**-место во плеј-аут 

ДВОЈКИ – ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Пелистер – Феникс 2010

ТФТ Мozzart – Еуро Никел 2005

Гостивар - Работнички