29.10.2023

Една екстра одиграна четвртина, онаа првата, им беше доволна да ја победат екипата на Навико Академија ФМП во Кисела Вода (107:74)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Чаирчани продолжуваат во победнички ритам, со трипл-дабл на Мустафица!

Екипата на Чаир 2030 им се приклучи на МЗТ Скопје и ТФТ Моцарт на делба на првото место на табелата во Првата лига, откако вечерва стигна до убедлива победа на гостински терен, против Навико Академија ФМП.

НАВИКО ААКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР 2030           74:107

Комплетна доминација остварија гостинските кошаркари уште во првото полувреме. Или подобро кажано, во првите десет минути.

Прв период од играта во која Чаир 2030 стигна до големи, и повеќе од убедливи (32:20).

Имаа гостите и уште повисока позитива во текот на втората четвртина. Во 16.минута водеа и со (49:18), за на полувремето таа негатива за Навико Академија ФМП да биде и нешто пониска (30:53).

Благодарение на тројца кошаркари кои постигнуваа поени во тоа очјано за нив прво полувреме. Петровски и Џордан Огундиран дадоа по десет, Брукс имаше уште осум реализации. Дури пред крајот на тој дел од играта поентираше и новакот Ниелд.

Налик на втората, беше и третата четвртина... Извесно, задоволни од високото водство, гостите од Чаир одлучија да го оддржуваат, и во најголем дел од второто полувреме и успеваа во тоа.

Овој меч ќе биде запаметен и по трипл-дабл ефектот кој го направи Недим Мустафица. Искусниот крилен играч на Чаир 2030 дојде до скор од 14.поени, 12.скока и 10.асистенции.

А Корбет потврди дека во овој момент е веројатно најкорисниот во ростерот на тренерот Ерхан Рамадан. Овој меч го затвори со двоен ефект од 24.поени и 11.скока. Крстајиќ дополни со 22, Мофит имаше 18, а Нацевски уште 11.поени во победничката екипа. 

Петровски постигна 21.поен еден помалку даде Џордан Огундиран, додека Брукс дојде до дабл-дабл ефект од 19.поени и 11.скока кај Навико Академија ФМП, екипа која го запиша и петтиот пораз во исто толку одиграни мечеви. 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Навико Академија ФМП – Чаир 2030           74:107

Гостивар – Феникс 2010 63:66

Кожув – ТФТ Моцарт       55:64

МЗТ Скопје – Еуро Никел 2005            71:61

Вардар – Работнички      68:119

Пелистер – Охрид 97:57

ТАБЕЛА: Чаир 2030 9, МЗТ Скопје Аеродром 9, ТФТ Моцарт 9, Еуро Никел 2005 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 2010 8, Вардар 7, Гостивар 7, Кожув 6, Охрид 6, Навико Академија ФМП 5;

ИДНО КОЛО (04.11)

Чаир 2030 – Кожув

Работнички – Еуро Никел 2005

ТФТ – Гостивар

Феникс 2010 – Пелистер

Вардар – Н.Академија ФМП

Охрид – МЗТ Скопје Аеродром