03.02.2024

Чаир 2030 го скрши отпорот на Навико Академија ФМП во последниот период, за конечни и убедливи (103:73)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Чаирчани се четврти на табелата

Неочекувано, Навико Академија ФМП пружи силен отпор на екипата која важеше за фаворит. Особено во првото полувреме. А во средишниот дел од тие 20.минути, гостите од Кисела Вода, макар и за момент, го имаа и водството.

ЧАИР 2030 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП     103:73

По воведната предност (23:17), на крајот на првата четвртина, гостинската екипа, преку расположениот Нилд, премина во водство. Во 15.минута имаа (30:28), во наредната и (32:30).  Знак за чаирчани да притиснат многу повеќе во нападот, што резултираше со враќање на предноста на нивна страна. За нешто повеќе од три минути, со серијата од (13-1), тимот на Ерхан Рамадан „изгради“ двоцифрена позитива, (43:33), за полувремето да го заврши со преполовен плус, односно резултат (43:38). А уште еднаш „лавовите“ симаа пет поени од истата, за релативно достижни (68:61). Сепак, со серијата од (12-2) на почетокот на последната четвртина, Чаир 2030 се одвои на недостижно водство, и највисоко (80:63).

До петтата победа на последните шест средби, која ги води до скор (11-5) и 4. место на табелата, чаричани ги предводеше „петорката“ Какруки-Роби-Галовеј-Мустафица-Александровски.

Кај Навико Академија ФМП, дабл-дабл на Брукс од 20.поени и 14.скока, Нилд заврши со 15. поени, новакот Робертс имаше 14, а Петровски 12.поени   

Во недела, од 20.часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра натпреварот Феникс 2010 (скор 9-6) и Гостивар (10-5).

Три дена подоцна, освен дуелот во Кавадарци, ќе се играат и оние помеѓу екипите на Охрид (3-12) и Пелистер (10-5), од 17.часот, во салата „Билјанини извори“, односно ТФТ Моцарт (9-6) и Кожув (3-12), кој е закажан од 18.часот, во салата на СРЦ „Кале“.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ  16.КОЛО

Чаир 2030 – Навико Академија ФМП           103:73

Работнички – Вардар      101:58

4.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

20.00: Феникс 2010 – Гостивар

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xQb6YQGUe-E?si=OvbWM9-rJHUtTH_Z

7.ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

17.00: Охрид – Пелистер

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2tqm57qKWgM?si=8Ep2E40gaHGEJ_fd

18.00: ТФТ Моцарт – Кожув

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/B5ODiz5-maQ?si=NVYkcgNf3IkHXVzP

18.30: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/42ksvrnvICg?si=P3rsY-EIfqeIazW9

ТАБЕЛА: Работнички 28, Еуро Никел 2005 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Чаир 2030 27, Пелистер 25, Феникс 2010 24, ТФТ Моцарт 24, Гостивар 20, Кожув 18, Охрид 18, Навико Академија ФМП 18 (-1), Вардар 19;