24.04.2023

Дебитантот во друштвото на најдобрите го стартува доигрувањето со најдобар ефект

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Чаирчани се најблиску до опстанокот, струмичани многу далеку од тоа...

Исходот од натпреварот во Струмица во кој екипата на Чаир 2030 стигна до победата (91:86), го детерминираше и изгледот на онаа мини-табела во која се вклучени и четирите екипи кои ќе бидат дел од Плеј-аут лигата.

За опстанок во друштвото на најдобрите, и официјално, ќе се борат екипите на Чаир 2030, Навико Академија ФМП, Куманово 2009, и Струмица 2022.

А пред одигрувањето на последните шест кола од втората фаза, Плеј-аутот, екипата која за прв пат игра во Првата лига, има и најдобра стартна позиција. И ја даваат петте победи во меѓусебните дуели со конкуренцијата.

МИНИ-ТАБЕЛА – ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

1.Чаир 2030            6          5          1          524:492       11

2.Навико Академија ФМП        6          4          2          522:492        10

3.Куманово 2009  6          2          4          499:535        8

4.Струмица 2022  6          1          5          524:550        7

Чаирчани имаат само еден пораз. Интересно, на домашен терен, од екипата на Куманово 2009. Но и предност во евентуален егал скор по завршувањето на баражот, во однос на Навико Академија ФМП и Струмица (по две победи)

За сигурен опстанок им се потребни три победи во шест натпревари.

Втор во онаа мини-табела, е составот на Навико Академија ФМП, со ефект  (4-2), и за нив голема е предноста која ја имаат во однос на струмичани (две победи во меѓусебните дуели), која може и да биде од пресуден карактер во случај двете екипи да завршат со идентичен број на бодови.

Куманово 2009 ќе има тешка задача да ги стигне овие две екипи. Имаат само две победи „сино-белите“ во пресрет на овие шест натпревари. Но за да бидат „над цртата“ ќе треба да го надминат ефектот на Навико Академија ФМП, или пак Чаир 2030, што е доста понереално.

Шест натпревари се и пред кошаркарите и стручниот тим на Струмица 2022, пред кои е скоро една „невозможна мисија“. Имаат сериозно заостанување кое тешко се надокнадува во оваа мини-лига која ќе стартува на 29.април, а ќе заврши на 3. јуни.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА-МАЖИ

1.КОЛО (29.04)

Чаир 2030 – Струмица 2022

Навико Академија ФМП – Куманово 2009

2.КОЛО (06.05)

Куманово 2009 – Чаир 2030

Струмица 2022 – Навико Академија ФМП

3.КОЛО (13.05)

Чаир 2030 - Навико Академија ФМП

Куманово 2009 - Струмица 2022

4.КОЛО (20.05)

Струмица 2022 - Чаир 2030

Куманово 2009 - Навико Академија ФМП

5.КОЛО (27.05)

Чаир 2030 – Куманово 2009

Навико Академија ФМП - Струмица 2022

6.КОЛО (03.06)

Навико Академија ФМП - Чаир 2030

Струмица 2022 - Куманово 2009