Две гостински и една победа на домаќините во оние натпревари кои се играа во подoцните термини...
ЧАИР 2030 – ОХРИД 98:74
Една силна четвртина, онаа втората, која ја добија со убедливи (23:11), им бее доволна на кошаркарите на Чаир 2030 да го скршат отпорот на екипата од Охрид. На полувремето се стекнаа со повисоки (52:36), кои и ги одредија понатамошните случувања на теренот во салата „Шабан Трстена“.
Не застанаа ќаиршани ниту по паузата од 15.поени, постепено го откачуваа противникот од било каква помисла за усех на ова гостување.
На крајот сигурна, убедлива победа за домашната екипа, по која регуларниот дел од сезоната го завршува со ефект од 15.победи и 7.порази, доволен за месотто број 4, последното кое носи предност во првиот круг од доигрувањето.
Петмина домашни играчи имаа десет и повеќе поени. Галовеј постигна 19, Роби имаше еден поен помалку, Мустафица оствари уште еден дабл-дабк ефект од 15.поени и 10.скока, Нацевски маше уште 15, а Далгер еден поен помалку.
Во екипата од Охрид, пријатно изненади Димитриевски, стрелец на 18.поени, Бревер имаше 16., а Лајонс уште 13.поени.
ТФТ МОЦАРТ – ФЕНИКС 2010 80:82
Две различни полувремиња одиграа екипите на ТФТ Моцарт и Феникс 2010 во СРЦ „Кале“.
Гостите беа подобри во првото, го решија во своја корист со (45:33). Домашните пак се вратија во вторите 20.минути, и натпреварот го донесоа во неизвесна завршница во која на крајот сепак се радуваа кошаркарите на Феникс 2010.
На 40 секунди Хаутон погоди за само два поени негатива за домаќините (80:82). А по нереализираниот обид на Метјус, на „црно-белите“ има останаа 17. секунди да го однесат мечот во продолжение или пак да победат. Но првата шанса за тоа ја промаши Луис, на крајот неуспешен беше и Крстевски, па победата им припадна на гостите во чии редови Митревски и Џонс реализираа по 17.поени, Метјус имаше 14, а во „недостаток“, односно неиграњето на на искусниот Трајковски, неговите минути ги искористи Димитриев кој уфрли 11.поени.
Кај ТФТ Моцарт, Луис постигна 24.поени, Верц имаше 19, а Крстевски уште 14.поени.
КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР 80:87
Зад скопските ривали, како трето рангиран завршува тимот на Пелистер. Битолчани благодарение на одличната последна четвртина (31-13), славеа победа на гостувањето во Гевгелија кај Кожув со (87-80).
Одлично прво полувреме имаа гевгеличани, ноп битолчнаи го надокандија големиот минус од полувремето (35:51) во второто. За потврда на третото место на табелата, кое носи предност во четвртфиналната серија од плеј-офот.
Планиниќ беше најефикасниот играч на екипата од Битола, реализираше 24.поени, а имаше и осум скока и четири асистенции. Маслинко заврши како двоцифрен во бројот на поените – 16, но и во скоковите – 10. По 12 реализации имаа и Магдевски и Мијовиќ, додека во домашната екипа Марковиќ даде 20.поени (плус осум скока и четири асистенции. Вујадиновиќ стрелаше за 19.поени, Караколев имаше 14.поени, исто толку даде и Пен.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22.КОЛО
Кожув – Пелистер 80:87
ТФТ Моцарт – Феникс 2010 80:82
Чаир 2030 – Охрид 98:74
Работнички – Гостивар 104:84
Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром 67:105
31.МАРТ (НЕДЕЛА)
19.00: Вардар – Еуро Никел 2005
Сала на КК „Вардар“ - Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nVrgqx9-9v0?si=6rUoSQIsjj9n93jo
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 40, Работнички 40, Пелистер 38, Чаир 2030 37, ТФТ Mоцарт 36, Еуро Никел 2005 34 (-1), Феникс 2010 34, Гостивар 30, Кожув 27, Охрид 26, Навико Академија ФМП 26, Вардар 24 (-1);