09.04.2023

Во Чаир, битка за подобра позиција пред почетокот на Плеј-аут лигата, и победа на „сино-белите“ против Навико Академија ФМП (72:60)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Чекор понапред кон опстанокот за чаирчани

Во Чаир, битка за што подобра позиција пред почетокот на Плеј-аут лигата. И сигурна победа на чаирчани против гостите од Кисела Вода. 

ЧАИР 2030 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП     72:60

Интересно, но вистинито, во првата четвртина која чаирчани ја решија во своја корист со (22:14), погодуваа само двајца кошаркари.

Роби, кој ги погоди сите три обиди за три поени, и собра 14. поени, колку што даде комплетната петорка на гостите од Кисела Вода, и Александровски кој додаде уште 8.

Во втората, Мустафица стана само третиот поентер во екипата на Чаир 2030, Ни на другата страна, изостана поддршката од резервните играчи кои ги има на располагање тренерот Тони Симиќ.

Барем во тој дел од играта во салата „Шабан Трстена“...

А тоа беше доволно чаирани да ја чуваат предноста која ја стекнаа во воведните десет минути. На средината од втората, водеа со (29:21), а по поените на Цуцковиќ и Мустафица, имаа и двоцифрен плус (33:21).

Тешко играа во нападот кошаркарите на Навико Академија ФМП. За осум минути постигнаа само девет поени.

 Сите дилеми околу победникот ги снема во текот на третиот период. Оној во кој домашната екипа се стекна со големи (57:61).

За разлика од почетниот дел, во овој Чаир 2030 доби уште расположени кошаркари. Со 19.поени, на крајот, Мустафица го (пре) стигна поентерскиот скор на Роби и Александровски кои имаа по 17 реализации.

Во слабото офанзивно издание на „лавовите“, двоцифрената бројка на поени ја надминаа Смит Мексвејн (12), Настовски (11) и Василевски (10).

На коло пред крајот на првиот дел, Чаир 2030 има ефект (6-15), а Навико Академија ФМП (5-16). Но двете екипи имаат по 26 бодови (исто колку што има и Куманово 2009), поради минусниот бод на Чаир 2030, „заработен“ по прекинот на средбата со Работнички.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 21.КОЛО

Чаир 2030 – Навико Академија ФМП           72:60

Куманово 2009 – Струмица 2022       89:82

Еуро Никел 2005 – Работнички 75:80

Пелистер – ТФТ Мozzart 92:69

Кожув – Гостивар 94:87

10.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ry_Z19mJUEk?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 38 (-1), Пелистер 38, ТФТ Mozzart 35, Гостивар 35, Работнички 34, Еуро Никел 32, Феникс 2010 31 (-1), Кожув 30, Чаир 2030 26. Навико Академија ФМП 26, Куманово 2009 26, Струмица 2022 23;