06.10.2023

Дерби-дуелот на второто првенствено коло е закажан за сабота (20.30 часот) во Битола

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Дали тренерската промена во Пелистер ќе даде резултат против Работнички?

Со оглед на тоа дека Македонија има(ше) два претставници во ФИБА Еврокупот, а уште три кои ги чекаат првите настапи во АБА 2 лигата, второто првенствено коло од новата сезона, исто така е поделено на неколку денови.

Шампионот МЗТ Скопје успешно успешно ја одработи и својата втора првенствена задача (беше далеку подобар од Гостивар на свој терен во СЦ „Јане Сандански“ со резултат 85:59), и во победнички ритам го дочекува настапот на првиот турнир („балон“) во АБА 2 конкуренцијата кој стартува следната седмица во Суботица.

Три натпревари се закаѓани вво оние саботни термини.

Првиот е веќе од 13.30 часот, во СРЦ „Кале“ каде во локалната пресметка ќе се сретнат екипите на ТФТ и на Чаир 2030. Двете во сосема различно расположение ги дошекувата овие 40.минути.

ТФТ разнишан по лошиот настап и убедлив пораз против Работнички на премиерата, а тимот од Чаир во победнички ритам, креиран по убедливиот успех против Феникс 2010.  

Од 18.часот, своето деби пред публиката во салата „Билјанини извори“...

Ќе имаат кошаркарите на Охрид голема шанса, ги чека натпревар кој реално може да го добијат, да стигнат до првата првенствена победа, затоа што пред себе ја имаат екипата во „формирање“, Академија ФМП.

Саботната програма ќе биде затворена со извесно, дерби дуелот на вториот круг. Од 20.30 часот, во Битола, Пелистер го дочекува Работнички.

Битолчани и со нов тренер Дарко Радуловиќ, веројатно и многу поголеми амбиции од прикажани во првото коло (пораз на гостувањето во Гостивар).

Во недела во салата „Јасмин“ во Кавадарци, ќе играат Еуро Никел 2005 и Кожув (18. часот), а колото ќе го заокружи дуелот Феникс 2010 – Вардар, кој се игра во понеделник, од 18. часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

7.ОКТОМВРИ (САБОТА)

13.30: ТФТ – Чаир 2030

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/mHrOv_Cgm_s?si=EBUTwL2G-UkRUenF

18.00: Охрид – Академија ФМП

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZoMq6NE-Y2k?si=MdY6uvq7T77OHkme

20.30: Пелистер – Работнички

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sLgYDxlZBLY?si=T0iWdLr24-zq9ox9

8.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Кожув

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zFcMhlNAszM?si=HFi6Tq0tbhVGuAAE

9.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Феникс 2010 – Вардар

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hPwkzIi8YyE?si=2zwQ2F3A-rA_YdUr

ПРЕТХОДНО ОДГРАНИ НАТПРЕВАРИ

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      85:59