Во дерби дуелот на 18. коло, ТФТ Моцарт, со подобра игра во второто полувреме, стигна до триумф над битолски Пелистер
ТФТ МОЦАРТ – ПЕЛИСТЕР 77:66
Екипата од Битола ја доби првата четвртина. Беа подобар противник, но ја завршија со само три поени предност (22:19)). ТФТ заигра далеку подобро од стартот на втората. Четвртина во која се водеше израмнета битка, и во која домашните успеаја да го свртат резултатот во своја корист. Макар и со минимална предност (34:33).
Домаќините изненадија со одлична одбрана на стартот од третиот период, Пелистер постигна само еден поен во првите пет минути од тој дел од играта, а ТФТ го искористи тоа за резултатски да се одлепи. Гостите за момент намалија на (42:39). Но следуваше нова серија на домашниот состав кој во последните десет минути влезе со сосема добра предност од осум поени (51:43).
Поените на Зафиров, го донесоа и првото двоцифрено водство за ТФТ (56-46), предност што избраниците на тренерот Боро Смилковски ја задржаа до самиот крај.
Луис со 17 поени беше најефикасен кај ТФТ, Хотон постигна 13 поени против својот поранешен клуб, Ташовски даде 12, а Николов уште 11. поени за победничкиот состав. Најдобар кај Пелистер беше Планиниќ со дабл-дабл од 21 поен и 14 скокови.
Двата тима сега се израмнети со скор 12-6
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 18. КОЛО
ТФТ Моцарт – Пелистер 77:66
Вардар – Кожув (во тек)
18.00: Чаир 2030 – Гостивар
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sNzT2HrLGcA?si=7p_BHx8yVN2AOB51
19.00: Охрид – Еуро Никел 2005
Сала „Билјанини извори“ – Охрид
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GHAjolr5Puc?si=yQ8u1cJ9sWtAhcOu
3.МАРТ (НЕДЕЛА)
19.30: Работнички – Навико Академија ФМП
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/t6DS54LTaLM?si=K8_MNS9aE9n6f8Dm
20.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром
Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/FL2KfPBYm9Q?si=mUsh7bRJcznbhS7-
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31, ТФТ Mоцарт 30, Пелистер 30, Работнички 29, Еуро Никел 29, , Чаир 2030 29, Феникс 2010 27, Гостивар 22, Академија ФМП 21, Охрид 20, Кожув 20, Вардар 20;