27.09.2023

Во премиерниот натпревар од новата првенствена сезона, Работнички доста подобар од ТФТ, слави со убедливи (73:56)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Дербито на „соседите“ во „Кале“ за најтрофејниот

Екипите на Работнички и на ТФТ ја имаа таа чест, вечерва да ја отворат 32. по ред, сезона во македонската Прва лига. Почебник во дуелот на екипите кои тренираат и играат во СРЦ „Кале“ е Работнички.

РАБОТНИЧКИ – ТФТ         73:56

Многу подобар вовед во премиерниот меч од новата сезона имаа кошаркарите на Работнички.

Уште во првите десет минути, условно кажано, „домаќините“ на овој натпревар се стекнаа со убедлива предност. А на истекот на десеттата минута, Работнички водеше со (24:9).

Нешто подобра реакција имаше екипата на ТФТ на почетокот на втората четвртина. Но не и за да ја загрозат убедливата позитива на противникот. На средината од овој дел од играта, „црно-белите“ симнаа мал дел од гоелмата негатива (18:31).

Но во само два напади Работнички се одбрани, и згора на тоа, ја врати позитивата, на уште повисока (35:18), а го натера Боро Смилковски, тренерот на ТФТ и на нов тајм-аут.

Како понатаму во оние четири минтуи до одморот...

Без особена промена во играта на ТФТ, екипата која беше во заостанување од 14.поени (40:26).

Американецот Квинтон Декоузи ја диктираше играта во нападот на „бело-црвените“. Во првиот дел од натпреварот, новиот играч на Работнички реализираше 12.поени, но имаше и пет успешни додавања.

По двете тројки на Ѓелетовиќ, и поените од слободните фрлања на новакот Стајиќ, Работнички оствари уште поубедлива предност (49:30), во нецели четири минути од третата четвртина.  

Минута подоцна, веќе беше (54:33), потоа и највисоки, (60:34) за Работнички...

Третиот дел од играта домашниот тим го реши во своја корист со двојно поголеми (22:11), за да има слична предност, (62:37).

Последниот дел беше слика на оние претходни три. Работнички делуваше доста сигурно, и со онаа репрезентативна петорка во која се најдоа Ѓуроски, Ефремоски, Николов, Шошкиќ и Бакоч, бепе уште поленсо на патот кон првиот успех во новиот шампионат.

Декоузи застана на 14.поени (плус пест скока и пет асистенции), Ѓелетовиќ пак имаше 14, но и десет скока. Двоен број на поени, 12, даде и Ѓуроски, дополнети со девет скока.    

На другата страна, кај ТФТ, далеку напред, со 19 реализации беше Луис, додека 12 поени, додаде уште еден новак во редовите на „црно-белите“; Верц.

Инаку, во тек е вториот натпревар од оваа прва вечер од новата сезона во Првата лига. Во салата „Шабан Трстена“, Чаир 2030 е домаќин на екипата на Феникс 2010.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

Работнички – ТФТ 73:56

Чаир 2030 – Феникс 2010 (во тек)

30. СЕПТЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Вардар - Охрид

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

18.00: Кожув – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „26.април“ - Гевгелија

1. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Гостивар – Пелистер

Сала „Младост“ - Гостивар

18.00: Академија ФМП – Еуро Никел 2005

Сала „Независна Македонија“ – Скопје