23.05.2025

И во вториот натпревар од доигрувањето за третото место, кумановци беаа подобри од Работнички (81:62) за трета позиција во првенството

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ДОИГРУВАЊЕ: МКК Куманово заврши на третото место!

Екипата на МКК Куманово го завршува наационалниот шампионат на Македонија на третата позицијаа, откако во „малото финале“ по втор пат во рок од два дена беше подобра од Работнички.

Овојпат на домашен терен, за конечни (2-0) и крај наа оваа „утешна серија“ која се игра за пласман наа позицијата број 3 во наатпреварувачката сезона 2024/2025.

МКК КУМАНОВО – РАБОТНИЧКИ        81:62 (2-0)

Израмнето се играше во најголем дел од првото полувреме, особено тоа се однесува за првиот период од играта во кој МКК Куманово имаше само еден поен плус во однос на противникот, водеше домашната екипа со (22:21).

Промени во резултатот имаше и во првите три минути од вториот период По минималното водство на гостите од Скопје (25:24), уследи серија од седум поени по ред, по која МКК Куманово поведе со највисоки (31:24).

Работнички успеа да намали на (28:31), но до крајот на првоот полувреме „сино-белите“ задржаа солидна позитива (39:33), која во најголем дел ја креираа Луковиќ (со 11.поени и 6.скока) и Тадиќ, кој освен 10.поени додаде и пет асистенции.

Третиот дел од играта беше и најдобриот за домашната екипа. Или десет минути во кои го скршија отпорот на противникот, и во кој МКК Куманово стигна до сериозна предност (60:46), која се покажа како недостижна за Работнички, екипата која, очигледно имаше далеку помали мотиви во оваа серија која го детерминира тимот кој ќе биде рангиран како трет на крајот на натпреварувачката сезона 2024/2025.

Доминираше Луковиќ, кој стигна до дабл-дабл од 19.поени и 13.скока во овој последен меч за двете екипи во оваа сезона, а уште една ол-раунд партија прикажаа Тадиќ, кој на 16. поени придодаде и 10.асистенции односно 6.скока, додека Радукиќ допиша 14.поени

Робев заврши со 13.поени и 6.скока, еден помалку, 12, дојдоа од уште едно репрезентативно име, Ѓуроски, а Роше имаше двоен скор од 12.поени и 11.скока кај Работнички на разделбата со оваа за нов турбулентна сезона.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ДОИГРУВАЊЕ

ВТОР НАТПРЕВАР

МКК Куманово – Работнички   81:62 (2-0)