Веројатно нема да им биде лесно, но системот за натпреварување во Првата лига-мажи вели дека двете екипи кои беа поразени во полуфиналето на плеј-офот ќе мора да одиграат и серија која треба да ги детерминира конечниот пласман. Поточно, дали Работнички или МКК Куманово ќе го освојат третото место, кое, многу веројатно носи и пласман во АБА 2 лигата во наредната натпреварувачка сезона 2025/2026.
Со оглед на пласманот во регуларниот дел од сезоната, екипата на Работнички ќе ја има предноста на домашен терен во оваа серија во која победник ќе биде онаа која ќе стигне прва до две победи.
Првиот меч стартува вечерва, од 19.часот, ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, каде по една полусезона „црвено-белите“ се враќаат со тренинзи и играње на домашните натпревари.
Извесно е дека победникот треба да се бара во тимот кој побрзо „ќе заборави“ на случувањата во полуфиналето, што од друга страна ја прави оваа серија доста неизвесна, а е особено важна, ако се знае дека влогот е учество во лигите надвор од македонската.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ-ДОИГРУВАЊЕ
20.MAJ (ВТОРНИК)
19.00: Работнички – МКК Куманово
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MtX2Eapqhj4?si=7w84UvPZh0n9J9Fo