02.12.2022

Овој викенд, со малку изменет изглед на табелата ќе стартува осмото првенствено коло

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Двојна саботна програма во „Кале“

Три екипи по седум одиграни кола стигна ана делба на првата позиција. Екипата на Гостивар најдолго „се бранеше“, го чуваше епитетот на „непобедливи“, но се чини падна на едно место каде, реално, според ситуацијата, малку беше за верување дека ќе се случи тоа – во Куманово.

Кумановци се издигнаа над сите проблеми, успеаја да покажат дека во нив има „материјал “ за нешто повеќе од една победа, стигна до втората, но овој викенд пред себе ќе го имаат „разбудениот“ Работнички.

Екипа која направи три победи во трите последни кола, па со многу поголем оптимизам го чека дуелот закажан за денеска, од 17.часот во СРЦ „Кале“.

Двојната програма во „Кале“ ќе ја надополни натпреварот во кој од 19.30 часот, се среќаваат две екипи кои го делат тој „работен простор“, а ТФТ е во улога на домаќин против Феникс 2010.

„Помеѓу“, временски мерено, од 19.часот, во салата „Младост“, Гостивар ќе проба да се рехабилитира за првиот неуспех во сезоната, против дебитантот во друштвото на најдобрите – Чаир 2030.

Неделниот термин е резервиран за еден меч, оној во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, кој стартува од 18.часот, каде со неколку измени во играчкиот ростер, Навико Академија ФМП ќе се обиде да се врати на победничка патека во средбата во која за противник ја има екипата на Струмица 2022, која го посакува истото.

Прволигашка кошарка ќе се игра и по викендот, во понеделник, во Битола, каде во обид да ја зачува делбата на првото место, од 18.30 часот, Пелистер ќе игра против Кожув.

Уште еднаш, поради обврските во АБА лигата (средба со Игокеа, на гостински терен), МЗТ Скопје Аеродром во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе го дочека Еуро Никел 2005, на 5. декември (во вторник) од 18.часот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 8. КОЛО

3. ДЕКЕМВРИ (САБОТА):

17.00: Работнички – Куманово 2009

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/RzHwL4oeb8E

19.00: Гостивар – Чаир 2030

Сала „Младост“ - Гостивар

ЛИНК: https://youtu.be/BjwkwvtFhYI

19.30: ТФТ – Феникс 2010

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/L1FNcVL6MyE

4. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА):

18.00: Навико Академија ФМП – Струмица 2022

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/LawHgXFVnHs

5. ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.30: Пелистер – Кожув

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

ЛИНК: https://youtu.be/MdR7-H0tF_M

6. ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/82Z5tI3K6gA