07.10.2023

Пред својата публика во „Билјанини извори“, беа далеку подобри од Академија ФМП (82:66)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Една четвртина им беше доволна на охриѓани да дојдат до прволигашкиот првенец

Немаше премногу тешка задача новиот член на елитното друштвото против екипа „во создавање“

ОХРИД – АКАДЕМИЈА ФМП      82:66

Практично една четвртина им беше доволна на домашните кошаркари да ја реализираат планираната цел – да го победат составот од Скопје.

Уште во онаа првата се стекнаа охридските „сино-бели“ со повеќе од убедливо водство, од 20.поени (30:10).

Потоа се беше полесно, макар и сето тоа изгледаше доста рамноправно против екипата во која има десет регистрирани играчи

Дури Академија ФМП го доби вториот период од играта, макар и со минимални (21:20).

А доста израмнето се играше и во продолжението на мечот. Гостите пробуваа да не влезат во некоја, уште поголема негатива, домаќините пак, задоволни од високата позитива, и не „притискаа“ до крај.

На крајот, убедлива победа за новиот прволигаш во која Бернард се „вгради“ со 15.поени Кимбро и Столески имаа по 14, а Волканоски и Бојовски по 10.

Кај противничката, Петровски уфрли 24. поени, Настовски имаше 16, а Иванов уште 12.

Вечерва, од 20.30 часот, во Битола, Пелистер го дочекува Работнички. А во недела во салата „Јасмин“ во Кавадарци, ќе играат Еуро Никел 2005 и Кожув (18. часот), а колото ќе го заокружи дуелот Феникс 2010 – Вардар, кој се игра во понеделник, од 18. часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

7.ОКТОМВРИ (САБОТА)

ТФТ – Чаир 2030   77:66

Охрид – Академија ФМП           82:66

20.30: Пелистер – Работнички

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sLgYDxlZBLY?si=T0iWdLr24-zq9ox9

8.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Кожув

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zFcMhlNAszM?si=HFi6Tq0tbhVGuAAE

9.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Феникс 2010 – Вардар

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hPwkzIi8YyE?si=2zwQ2F3A-rA_YdUr

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      85:59