03.12.2022

Куманово беше добар само во првата четвртина, „црвено-белите“ решија се во втората, за повеќе од убедливи (119:83)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Една четвртина му беше доволна на Работнички, за четвртта победа по ред...

Работнички не запира, ниту Куманово не беше пречка за продолжение на победничката серија...

РАБОТНИЧКИ – КУМАНОВО 2009      119:83

По четвртти пат по ред се радуват кошаркарите на Работнички во оваа сезона. По четири порази по ред, стигна и четврттата победа во серијата. Куманово не беше противник по мерка за тимот кој го предводи Димитар Мираковски.

Само во првите десет минути гостите успеваа да парираат, дури и да водат со (27:22).

Но се сè промени со почетокот на втората, онаа најдобрата за Работнички веројатно и од почетокот на првенството. Десет минути во кои постигнаа дури 37.поени, примија само 14, за негативата од пет поени да ја претворат, во скоро па недостижни (59:41).

И повторно Камерон Форте беше носител на оние офанзивни активности кај „црвено-белите“. Но овојапт флертуваше и со трипл-дабл ефект. За три четвртини собра 22.поени, до крајот, 26, а имаше и 10.скока и 9.асистенции. И другите стартери имаа двоцифрена бројка во крајниот скор, Пол и Малешевиќ по 19, Бакоч 16, а Шошкиќ уште 11.поени, додека „двоцифрен“ од резервистите беше и  Нотаге, реализираше 11. поени.

Во новото, скромно издание на кумановските „сино-бели“, Ален дојде до 29.поени, Јанески дополни со 19, Нацевски со 15, а Зивчевиќ со 10.поени.

Недоволно за нешто повеќе на ова гостување во СРЦ „Кале“.

Работнички е веќе на половичен скор (4-4), Куманово 2009 со ефект (2-6).

Нешто подоцна вечерва, се играат уште два натпревари. До 19.часот, Гостивар го дочекува Чаир 2030, а ТФТ е домаќин на Феникс 2010, исто така во СРЦ „Кале“.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 8. КОЛО

Работнички – Куманово 2009  119:83

19.00: Гостивар – Чаир 2030

Сала „Младост“ - Гостивар

ЛИНК: https://youtu.be/BjwkwvtFhYI

19.30: ТФТ – Феникс 2010

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/L1FNcVL6MyE

4. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА):

18.00: Навико Академија ФМП – Струмица 2022

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/LawHgXFVnHs

5. ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.30: Пелистер – Кожув

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

ЛИНК: https://youtu.be/MdR7-H0tF_M

6. ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/82Z5tI3K6gA