15.10.2022

Кавадарчани продолжија во победнички стил, го совладаа и Куманово (84:58), Кожув минимално подобар од Струмица, во Гевгелија (88:86)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Еуро Никел 2005 без грешка и во второто коло, Кожув „преживеа“ против Струмица

ФОТО: Екипата на Еуро Никел 2005 стигна до втората победа во новиот шампионат

Во Гевгелија, прва победа за екипата на Кожув.. И тоа каква, со звукот на сирената, тројка погоди српскиот интернационалец Светозар Стаменковиќ. Момнт кој судиите мораше да го прегледаат со „забавена снимка“, и да одлучат дека не важи, и победата е за екипата-домаќин. 

КОЖУВ – СТРУМИЦА 2022        88:86

Мајрон Гордон одигра неверојатно прво полувреме. Реализираше новакот во редовите на Кожув дури 26.поени од вкупно 45 на екипата од Гевгелија која по негова заслуга имаше и водство.

По 20.минути игра, беше (45:42) за „црвено-белите“, додека пак во екипата на Струмица, поентерски, во тоа прво полувреме се издвои двоецот Мамузиќ -Крстајиќ (комбинирано имаа 25.поени).

На средина на третиот дел од играта, домаќините стигнаа и до највисокото водство, (58:49). Веќе во наредната, Кожув имаше и двоцифрени (62:52). Водеа гевгеличани и со (69:52), но му дозволија на противникот со серија од девет поени да им се доближи на (61:69) на истекот на третата четвртина која Кожув ја доби и во последната влезе со скор од (70:61).

Но и тоа не беше доволно за конечен успех затоа што Струмица стигна до израмнување (86:86), имаше и напад за водство, кој не го реализира Крстајиќ.

Казни Гордон на другата страна, за (88:86), а во последните осум секунди вистинска драма во која Стаменковиќ погоди за три поени со звукот на сирената. А на „повторената снимка“ судиите одлучија дека обидот на гостинскиот кошаркар вреден три поени бил после истекот на последната секунда, па Кожув стигна до првенствено првенче во новиот шампионат.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – КУМАНОВО 2009          84:58

Тимска игра прикажа екипата од Кавадарци во првиот дел од играта кој го реализираше со двоцифрени (44:33). Дури осум кошаркари кои тренерот Горан Самарџиев ги стави во игра, го најдоа патот до кошот на противникот. Тоа не беше случај на спротивната страна од теренот каде предначеше Кели, стрелец на 15.поени.

Не се променија многу работите и во продолжението од играта. Еуро Никел 2005 со сигурна игра го зголеми водството кое по 30.минути беше и највисоко (62:47).

По три минути игра од последниот период, Еуро Никел 2005 имаше и вишок од 20.поени (69:49), со кои практично и го потврди вториот успех во новата првенствена сезона.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Кожув – Струмица 2022 88:86

Еуро Никел 2005 – Куманово 2009    84:58

Феникс 2010 – Навико Академија ФМП      79:62

Пелистер – Работнички  47:33

Чаир 2030 – ТФТ    83:87

18. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

СТРИМ: https://youtu.be/tj_yqdcwCP0