22.04.2023

Беа подобри од Навико Академија ФМП (87:76), и во четвртфиналето на плеј-офот ќе играат против ТФТ

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Еуро Никел 2005 дојде до „шестката“

Кавадарчани го скршија отпорот на противникот во третиот период во кој се стекнаа со позитива од 20.поени (66:46) и рутинерски ја одработија последната четвртина, сето тоа, доволно за шестото место во регуларниот дел и четвртфинале на плеј-офот во кое ќе играат против ТФТ

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005   76:87

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 беа подобар ривал од екипата која и немаше некои особени мотиви за победа. Многу поважна во овој случај, односно средбата во салата „Независна Македонија“ беше за гостите од Кавадарци, кои и на крајот стигнаа до успехот кој ги става на шестото место на табелата во пресрет на вториот дел од сезоната – доигрувањето за шампионската титула.

Американецот Смит Мексвејн реализираше 17 поени во првото полувреме за екипата-домаќин. во кое на крајот кавадарчани, во чи редови ветеранот Соколов даде десет,  се стекнаа со солидно водство од шест поени (41:35).

Или 20. минути во ко гостите до Квадарарци ги добија и двете четвртини, првата со (21:17), втората со слични (20:18), и доволни за предност против екипата за која особено важни ќе бидат дуелите кои следуваат, оние во Плеј-аут конкуренцијата во која се уште и Чаир 2030, Куманово 2009 и Струмица 2022.

Се беше решено во третиот период, оној во кој гостите од Кавадарци за десет минути, парцијално гледано, направија (25-11), и стигнаа до недостижна предност (66:46).

Гавриловиќ реализираше 19, Планиноќ 14, а Соколов уште 12.поени за Еуро Никел 2005, кој со оваа победа дојде до учинок од 12.победи и 10.порази, и шесто место на табелата во регуларниот дел кое во плеј-офот за противник му го носи тимот на ТФТ кој нешто порано, денеска, беше убедлив против Куманово 2009.

На домашната страна уште еднаш блескаше Американецот Смит Мексвејн кој заврши со ефект од 32. поени и 7 скока, но и без промашување во шутот од игра (3/3 за три и 10/10 за два поени).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22.КОЛО

Навико Академија ФМП – Еуро Никел 2005   76:87

ТФТ Mozzart – Куманово 2009 107:70

Работнички – Кожув        (во тек)

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер     (во тек)

19.00: Гостивар – Феникс 2010

Сала „Младост“ - Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/qFRb5HLqQAE?feature=share

23. АПРИЛ (НЕДЕЛА):

17.00: Струмица 2022 – Чаир 2030

Сала „Парк“ - Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W7dLJ5Edn3Q?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром (19-2), Пелистер (17-4), ТФТ Моzzart (15-7), Гостивар (14-7), Работнички (13-8), Еуро Никел 2005 (12-10), Феникс 2010 (11-10), Кожув (9-12), Чаир 2030 (6-15), Навико Академија ФМП (5-17), Куманово 2009 (5-17), Струмица 2022 (2-19);