Гостивар веќе не е „неосвоива тврдина“ во македонската клупска кошарка. Тоа „правило“ го „прекршија“ кошаркарите на Еуро Никел 2005 со убедливиот триумф во третото коло во салата „Младост“...
ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ 2005 67:106
По доста изеднаенито почеокт на средбата, кавадарчани одиграа одлично во вторито период. Десет минути во кои се чини, и ја направија клучната предност. До одморот акумулираа позитива од 16.поени (53:37).
Но не се задоволија со тоа водство, напротив... Во средишниот дел од третата четвртина, имаа плус и од 21.поен (67:46), за тој дел од натпреварот, Еуро Никел 2005 го затвори со слични (74:54).
Со исклучок на Младеновиќ, комплетната прва петорка на гостите од Кавадарци веќе беше на двоцифрен поентерски учинок. Помош од клупата донесоа Глигоријевиќ и Дубински.
Тоа не беше сликата во домашниот тим каде недостасуваа поените на Пауел и Митевски (од оние кои го почнаа натпреварот) кои имаа само по три релизирани поени во три четвртини.
Во онаа последната, екипата од Кавадарци покажа дека во овој момент е поквалитетна, и заслужено е единствената која во три одиграни кола има максимален ефект – три победи (МЗТ Скопје во среда во Битола го игра натпреварот од ова трето коло, против Пелистер). За седум минути, парицијално земено, направија (24-8), за повеќе од недостижни (98:62).
Смит Мексвејн постигна 17.поени, Соколов 16, Блекшир додаде уште 15, Глигоријевиќ и Врањеш по 13 поени. А како шестти „двоцифрен“ во финишот им се придружи и Дубински, стрелец на 11.поени.
Во гостиварскиот состав, so 13.поени, најефикасне играч беше младиот Златевски, Остен и Вензант дадоа по 12, а Инграм 11.