26.01.2024

Кавадарчани славеа против Пелистер. по продолжението од пет минути (83:81), за ист број на поени со МЗТ Скопје, и подобра кош-разлика

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Еуро Никел 2005 е новиот лидер на табелата!

Изедначен натпревар во Битола, на крајот, победата е за Еуро Никел 2005. Им требаа дополнителни пет минути за да бидат подобри од Пелистер. Но сега, по седмата победа по ред, кавадарчани се изедначија со водечкиот тим во лигата, МЗТ Скопје Аеродром, а подобриот моментален кош-количник ги води и на првата позиција на табелата.

ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 2005           81:83

Кавадарчани беа подобар противник во првите 20.минути од играта. Имаа постојана резултатска предност. Ја добија првата четвртина со сосема солидни (24:19), а во еден момент од втората, позитивата беше и повисока (31:23). Но со серијата од (10-2) битолчнаи успеаја да ја анулираат. Сепка поените на Глигоријевиќ (од линијата за слободни фрлања) ги оставија гостите од кавадарци во водство.

На полувремето имаа минимални (35:33).

Еуро Никел 2005 подобро го отвори и второто полувреме. А за нешто повеќе од шест минути направија уште повисока, двоцифрена предност. По тројката на расположениот Смит Мексвејн, имаа највисоки (52:42). Но гостите не се задоволија со тоа водство, изградија уште повисоки (58:45). По заслуга на скоро непогрешливиот Дубински, кој за 27 минути имаше 15. реализации (3/3 за три поени), одлично следен токму од Смит Мексвејн и од Врањеш.

На другата страна, очигледно, недостасуваше репрезентативецот Андреј Маслинко. Неговото отсуство, макар и делумно, „го покри“ Планиниќ, а Мијовиќ беше вториот „двоцифрен“ играч на Пелистер во три периоди од играта во салата „Боро Чурлевски“.  

А по 30.минути, кавадарчани го задржаа двоцифрениот плус (63:53).

Екипата од Битола долго ги чекаше своите минути. Дојдоа до нив на почетокот на последната делмица. „Пелистерци“ направија серија од (7-0), и за нецели три минути негативата ја „стопија“ на само три поени (60:63).

За гостински тајм-аут...

И многу нервозна, и пред се, неефикасна игра на двете страни од теренот. Во наредните пет минути двете екипи реализираа, вкупно девет поени за резултат (65:67) кој стоеше на семафорот се до 1:58 минута до крајот, кога Смит Мексвејн погоди од линијата за слободни фрлања, а Врањеш од дистанца, за предноста на кавадарчани да биде изразена со пет поени (70:65).

Но Пелистер смогна сили во она кратко време за игра (1:28 минути), преку Планиниќ и Мијовиќ, да израмни (70:70). А во оние преостанати 49.секунди, прво Дубински, потоа и Магдевсли, изменија по два поени, за нов егал (72:72). Американскиот бек имаше шут за победа, но не го погоди, па мораше да се одиграат дополнителни пет минути.    

Во нив, Пелистер имаше водство од (81:78), но и тоа не им беше доволно. Затоа што во ние 80 секунди до крајот, Еуро Никел 2005, преку двоецот Дубински-Врањеш, го свете резултатот (83:81), а го одбрани и последниот напад, во кој Костоски со звукот на сирената. не успеа да погоди за три, односно за победа.

Утре се играат и преостанатите три натпревари од ова 15. коло. Стартуваат од 17.часот, а ќе се сретнат: Вардар-Чаир 2030, Кожув – Феникс 2010 и Гостивар-Охрид.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15.КОЛО

Пелистер – Еуро Никел 2005   81:83

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 91:95

Навико Академија ФМП – ТФТ Моцарт        62:90

27. ЈАНУАРИ (САБОТА)

17.00: Вардар – Чаир 2030

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5-W_tveAWjI?si=gbXI2-XD9wIFF25o

17.00: Кожув – Феникс 2010

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/di39IGtod5s?si=gUNKPf35mo7oWx0t

17.00: Гостивар – Охрид

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8knW4qEaXLA?si=4SKZJqh2zvIh2WJS

ТАБЕЛА:  Еуро Никел 2005 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Работнички 26, Пелистер 25, ТФТ Моцарт 24, Чаир 2030 23, Феникс 2010 22, Гостивар 18, Навико Академија ФМП 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17;