Еуро Никел 2005 брзо се рехабилитираше за поразато во претходното коло, се чини во вистинско време, макар и на потежок начин, во дополнителните пет минути, кавадарчани пронајдоа решение за да бидат подобри од ко-лидерот на табелата, Гостивар.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ГОСТИВАР 92:86
Многу добар почеток имаше Еуро Никел 2005. Со помош на расположениот Гавриловиќ, кадарачани стигнаа и до првото двоцифрено водство од (24:14), за првата четвртина да ја затворат со слични (26:16).
Гостиварци имаа подобар вовед во втората, во која анулира аполовина од негативата. Во 15.минута, Гостивар заостануваше пет поени (32:37).
Период од играта во кој Соколов имаше десет реализации на едната, а Корсантиа исто толку, но на другата страна од теренот во „Јасмин“.
Три минути подоцна, по тројката на Пипкинс, веќе беше егал во резултатот, (40:40), откако гостите парцијално гледано, во тие осум минути, направија (24:14).
Но Младеновиќ и Планиниќ одговорија максимално, за ново одвојување (45:40) зо само една минута. А полувремето да заврши со еден поен плус, откако Стојановски погоди едно слободно фрлање за (46:40).
Комплетна „реприза“ на првото, беше второто полувреме, во кое Еуро Никел 2005 имаше постојано водство, а Гостивар го стигнуваше. Така беше и до последните минути.
Кога Младеновиќ погоди на (77:76), останаа 1:22 минута за финално решение.
Во последната, следуваше несфатлива грешка на Ефремовски, кој не ја уфрли топката за пет секунди. Младеновиќ погоди едно слободно фрлање за (78:76) и остави нешто повеќе од 20.секунди до крајот.
Пипкинс беше фаулиран, и на 13 секунди пред последниот сигнал за крај, погоди за (78:78) и екстра пет минути во Кавадарци. Шанса за победа во регуларниот дел не искористи Стојановски, не го погоди обидот вреден три поени.
Продолжението домаќините го отворија со серија (6-1), доволно за да поведат со (84:79). Потоа имаа идентични (89:84), и на крајот недостижни (91:84), за петта победа во девет одиграни натпревари. И втор пораз за Гостивар од почетокот на сезоната во Првата лига.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 9. КОЛО
Еуро Никел 2005 - Гостивар 92:86 (78-78)
Струмица 2022 – ТФТ 84:111
Куманово 2009 - Навико Академија ФМП 83:102
Чаир 2030 – Работнички (во тек)
Феникс 2010 - Пелистер (во тек)
12. ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
18.00: Кожув - МЗТ Скопје Аеродром
Сала „26.април“- Гевгелија
ЛИНК: https://youtu.be/R9mloyoMYd8