Со подобра игра во финалните десет минути, гостите од Кавадарци ја анулираа негативата, направија пресврт, кој на крај им донесе и вредна победа на гостински терен во Гевгелија.
КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ 2005 75:77
Потполно израмнето се играше во првото полувреме од средбата во Гевгелија. Или 20 минути во кои ниту еден од двата ривали не успеа да направи некоја сериозна резултатска предност.
Така беше и на истекот на втората четвртина, минимални (34:32), имаше Кожув.
Слично се одвиваа работите и во продолжението на играта. Исклучок направи „вишокот“ на екипата од Кавадарци, која по тројката на Гавриловиќ, во 26 минута поведоа со (45:39).
Но само за кратко го имаа тоа водство кавадарчани, стигна серијата од (6-0) за егал резултат (45:45). Но не застанаа тука домашните кошаркари, ја продолжија, за нивно водство од (51:48).
Беше и повисоко на истекот на третиот период (55:51).
Но на почетокот на последниот, следуваше серија од (11-2) за Еуро Никел 2005 и промена на водството, отиде на гостинската страна, (62:57).
По тројката која дојде од новакот Балмазовиќ, екипата од Кавадарци имаше уште повисоки (69:61), во средина на последната четвртина. Две минути подоцна и (71:63), кога погоди Младеновиќ.
Со слична позитива (77:71) влегоа и во последните 60 секунди. Сепак, гевгеличани одговорија со четири поени по ред. Намалија на (75:77), со „два плус еден“ играта на нивниот најдобар стрелец, Гордон.
По неуспешниот обид на Караколев, Кожув доби шанса да победи, или да обезбеди продолжение. Но во последните десет секунди, Ризвиќ беше неуспешен, па победата отиде за кошаркарите на Еуро Никел 2005.
Екипа која имаше четири „двоцифрени“ кошаркари. Со 19. поени ги предводеше Балмазовиќ, Планиниќ реализираше 16, Соколов 15, а Гавриловиќ уште 11. Кај Кожув, Гордон застана на 22 поени, додека по десет додадоа само уште Главчев и Штерјов.
По 16 кола, екипата на Еуро Никел 2005 има скор од десет победи и шест порази, додека пак Кожув ја прекина серијата од четири победи, и има учинок (7-9).
Инаку, последниот натпревар од овој круг ќе се игра на 6. март (понеделник) во Струмица (17.часот), каде гостува бранителот на насловот – МЗТ Скопје Аеродром.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 16. КОЛО
Кожув – Еуро Никел 2005 75:77
Гостивар – Навико Академија ФМП 85:78
Феникс 2010 – Чаир 2030 75:67
Пелистер – Куманово 2009 104:70
ТФТ Моzzart – Работнички 92:89
6. МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК):
17.00: Струмица 2022 - МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Парк“ – Струмица
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/oZYBc870iso?feature=share
ТАБЕЛА: Пелистер 29, МЗТ Скопје Аеродром 28 (-1), ТФТ Mozzart 27, Феникс 2010 26, Еуро Никел 2005 26, Гостивар 26, Работнички 24, Кожув 23, Куманово 2009 20, Чаир 2030 19, Навико Академија ФМП 19, Струмица 2022 17 (-1);