Едно одлично одиграно полувреме, она второто им беше потребно на кошаркарите на Еуро Ниел 2005 да го скршат отпоротов на Навико Академија ФМП.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 94:77
Доста изедначено се играше во она првото во кое кавадарчани водеа, но не и со некоја поголема разлика. На полувремето беше (56:52).
Нерешено беше и таму некаде до 23.минута (62?.62), пред да тргне онаа решавачка серија на домашната екипа. Направија кавадарчани серија од десет поени по ред, за да имаат двоцифрени, (72:62). Имаа и уште повисоки (78:65), за тој трет дел од играта го затворат со нешто пониски (78:67).
Во првите три минути од четврттата четвртина со нова серија од (8-2), се одвоија на (86:69) и практично го решија прашањето околу конечниот победник.
Уште еднаш доста колективен пристап имаше екипата која ја предводи Атанас Манев. А четири стартери имаа двоцифрен број на поени, иако и ветеранот Соколов беше блиску (имаше девет поени) но и играше најмалку.
Со 23. поени, офанзивата ја предводеше Смит МекСвејн, Глигоријевиќ даде 18 (имаше и 11 скока), дабл-дабл од 15.поени и 10 асистенции имаше Дубински, додека на Врањеш му недостасуваше само еден скок за двоен ефект (14.поени и 9.скока), дополнети со 5.асистенции.
Во составот на Навико Академија ФМП, Огундиран беше стрелец на 21.поен, Брукс на 19, а Петровски додаде уште 16.
За Еуро Никел 2005 ова е деветта победа во 12.одиграни мечеви, со која ја задржа делбата на втората позиција на табелата, додека па Навико Академија ФМП сега е на ефект од две победи и десет порази.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 12.КОЛО
Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП 94:77
20.00: Феникс 2010 – Чаир 2030
ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ
Охрид – Вардар 89:81
ТФТ Моцарт – Работнички 57:72
Пелистер – Гостивар 89:88
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 79:65
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23, Пелистер 21, Еуро Никел 2005 21, Работнички 18, Чаир 2030 18 (-1), ТФТ Моцарт 18, Феникс 2010 17 (-1), Гостивар 16, Кожув 15, Вардар 15, Охрид 14, Навико Академија ФМП 14;