31.03.2024

Кавадарчани го имаа одличниот двоец Смит Мексвејн-Дубински, во тешкиот триумф „Под Кале“ од (70:67)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Еуро Никел се одбрани од нападите на „вардарци“

Екипите на Вардар и Еуро Никел 2005 вечерва го одиграа последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Првата лига.

Многу поважен за домашната екипа, која бара(ше) победа со која ќе има подобра стартна позиција во Плеј-аут лигата, од друга страна кавадарчани беа „фиксирани“ на позицијата 6 пред почетокот на плеј-офот за шампионската титула. Но тоа не ги спречи, навистина, по голема борба, да излезат како победници.

ВАРДАР – ЕУРО НИКЕЛ 2005    67:70

По релативно изедначеното прво полувреме, кое го добија домачните кошаркари со минимални (35:34), Вардар беше екипата која го направи првото повисоко водство.

Со серијата од (11-2), „црвено-црните“ се одвоија на двоцифрена позитива (46:36). Во одличен поентерски ритам беа Хот, Атанасов и Фуџет, кои веќе беа „двоцифрени“. Кавадарчани, пак „во нападот“ ги имаа Смит Мексвејн и Дубински,  одговорија со своја мини-серија, од (6-1) за да симнат половина од таа негатива (42:47). А нешто подоцна, преку американскиот двоец, гостите се доближија и на (49:50), што беше и резултат по три одиграни четвртини.

Веќе по првиот напад од последниот период, по тројката на Дубински, Еуро Никел 2005 дури и поведе, макар и минимално (52:50). А кога серијата на поентирање ја продолжи и Смит Мексвејн, кавадарчани имаа уште повисока предност.

Митков беше изненадување за одбраната на гостите од Кавадарци, и заедно со Бајрам, го врати водството на страна на Вардар (62:58). А по тројката на Атанасов, домашниот тим имаше уште повисоко водство, (65:60), на точно пет минути до крајот.

Во решавачкиот дел од играта, стрелците затаија. По четирите поени на Смит Мексвејн, кој донесе нова неизвесност (65:64), на страната на вардар поентираше само уште Кејс, кој постави (67:64). Во наредните две минути немаше ниту една реализација, од двете страни на теренот.

Истиот резултат беше „на важност“ и на влезот во последните 60 секунди. Пред незаобиколниот Смит Мексвејн да погоди едно слободно фрлање, и да намали на (65:67). А во следниот напад да испорача и точен шут за три поени, и ново водство за кавадарчани (68:67). И тоа не беше се од него, успеа да ја освои топката по која Фриц доби две слободни фрлања. Ги реализираше, за поголеми (70:67), кои со шутот со звукот на сирена за крај, не го погоди Фуџет.

Смит Мексвејн застана на ефект од 24.поени, 10.скока, 3 асистенции, следен од Дубински кој го допони со 20. Реализации и четири успешни додавања.

 На другата страна, Атанасов постигна 16.поени, Хот дојде до дабл-дабл од 12.поени и 13.скока, додека Фуџет остана на 11.поени.

По 22 одиграни кола, Еуро Никел 2005 заврши со ефект (14-8), доволен за место број 6, а во четвртфиналната серија од плеј-офот, ќе ги одмери силите со екипата на Пелистер, која има и предност на домашен терен (во евентуалниот петти натпревар).

Вардар финишира со (3-19) со кои ќе влезе во неизвесната битка за опстанок, односно уште шест натпревари со другите учесници на Плеј-аут лигата, Кожув, Охрид и Навико Академија ФМП.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 22.КОЛО

Вардар – Еуро Никел 2005        67:70

Кожув – Пелистер            80:87

ТФТ Моцарт – Феникс 2010 80:82

Чаир 2030 – Охрид          98:74

Работнички – Гостивар   104:84

Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром           67:105

ТАБЕЛА - ПЛЕЈ-ОФ: МЗТ Скопје Аеродром 40, Работнички 40, Пелистер 38, Чаир 2030 37, ТФТ Mоцарт 36, Еуро Никел 2005 36, Феникс 2010 34, Гостивар 30;

ТАБЕЛА – ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Кожув 27, Охрид 26, Навико Академија ФМП 26, Вардар 25 ;

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

(1) МЗТ Скопје Аеродром -  (8) Гостивар

(4) Чаир 2030 – (5) ТФТ Моцарт

(2) Работнички –  (7) Феникс 2010

(3) Пелистер – (6) Еуро Никел 2005

*Сите серии во плеј-офот, се играат според принципот: „подобар од пет натпревари“