27.01.2023

Овој викенд, три натпревари од 13.коло...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 бара победа и на гостувањето во Кисела Вода

По дербито во Гостивар, овој викенд следува „вториот дел“ од 13. коло од Првата лига.

Викенд кој носи три натпревари, а со оглед на обврските кои ги имаат нашите два претставници во АБА 2 лигата, средбите во кои играат ТФТ односно Пелистер, ќе бидат реализирани во текот на наредната седмица (31.јануари и 1.февруари).

Во сабота, од 17.часот, во салата „Независна Македонија“, кошаркарите на Феникс 2010 ќе се обидат да ја „валоризираат“ вредната победа во минатото коло против Работнички. Пред себе го имаат Навико Академија ФМП, екипа која покажа ефикасна игра на гостувањето во Гевгелија, но и минути во кој покажа доста слабости во одбраната.

Тоа е и основниот проблем за новиот тренер на „лавовите“ Тони Симиќ во продолжението од сезоната во која ги чека битка за опстанок во најсилната конкуренција.

Во тоа друштво на „загрозени“ екипи се и Стурмица 2022 и Кожув, кои во недела навечер, од 18.часот, ќе борат за бодовите. Во далеку подобра положба се гостите од Гевгелија, кои во првиот натпревар во 2023 година веќе прокнижија една победа (против Навико Академија ФМП). Но од друга страна, во струмичкиот состав има и неколку нови играчи кои треба да донесат прогрес во играта, и повеќе од двете победи кои ги имаат во 13 одиграни натпревари.

Победа и тоа на гостински терен (во Чаир) иаат и кошаркарите на Куманово 2009 кои еден час подоцна (19.00) го дочекуваат искусниот состав на Еуро Никел 2005 кој пак по успехот во претходното коло во дуелот со Струмица 2022, бара „пробив“ во првата „четворка“ во шампионатот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 13. КОЛО

28. ЈАНУАРИ (САБОТА)

17.00: Навико Академија ФМП – Феникс 2010

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/KNLMfxawYNI

29.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Струмица 2022 – Кожув

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://youtu.be/EWGvkbJqo3Y

19.00: Куманово 2009 – Еуро Никел 2005

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://youtu.be/MzY4HEKf4lg

31.ЈАНУАРИ (ВТОРНИК)

19.00: ТФТ – Чаир 2030

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/bPyCxHnkyP8

1.ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

17.00: Работнички – Пелистер

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/EQ9-344RxUI

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНО:

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром     88:69