25.12.2022

Кошаркарите на Феникс 2010 го одиграа веројатно и најдоброто прво полувреме во полусезоната, за убедлива победа (84:66) над Гостивар

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 ги „реши“ гостиварци во само едно полувреме

Веројатно и најдоброто прво полувреме го одиграа кошаркарите на Феникс 2010 во последниот меч во 2022 година, и оваа полусезона во Првата лига. Лесно го надиграа Гостивар, стигнаа до шеста победа, за „презимување“ на шестата позиција на табелата 

ФЕНИКС 2010 – ГОСТИВАР               84:66

Стартуваа феноменално против Гостивар, особено тоа се однесува за младиот двоец Митревски-Хот, кои ги погодија сите осум обиди (по четири) од поле, а во таа „дисциплина“, шутерската им се придружи и најискусниот, Бојан Трајковски.

Затоа и не беа воопшто зачудувачки оние (30:17) на семафорот во СЦ „Јане Сандански“ на крајот на првата четвртина. И не се задоволија со тоа избраниците на тренерот Денис Дервиешевиќ, напротив, кога видоа дека пред себе имаат и не толку мотивиран ривал, притиснаа уште повеќе, особено во одбраната. За шест минути направија (14-4), и беа уште „подалеку“ на (44:21).  

Имаа и плус од 30.поени, (55:25) во тоа неверојатно прво полувреме кошаркарите на Феникс 2010. Игра за паметење, која со тројка ја круниса Такер, и постави највисоки (58:27).

И четворица играчи кои веќе ја надминаа двоцифрената броја во графата поени. Такер уфрли 17, Хот 12, Митревски 11 (сите во првата четвртина) и Трајковски уште десет.

Се што добро направија гостиварци на ова гостување беше крајот на третата и почетокот на последната четвртина, серијата (14-0), со која „стопија“ голем дел од големата негатива, дојдоа на (49:70).

Но ништо повеќе од тоа!

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11.КОЛО

Феникс 2010 – Гостивар               84:66

Куманово 2009 – ТФТ    71:82

Чаир 2030 – Струмица 2022        97:92

Кожув – Работнички     85:110

Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП      92:63

27.ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК)

17.00: Пелистер - МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Боро Чурлевски“- Битола

ЛИНК: https://youtu.be/CrNxqnnWZHo

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19 (-1), Гостивар 19, ТФТ 18, Пелистер 18 (-1), Работнички 18, Феникс 2010 17, Еуро Никел 2005 17, Кожув 14, Чаир 2030 14, Навико Академија ФМП 14, Куманово 2009 13, Струмица 2022 13;