15.10.2022

Феникс 2010 стигна и до вториот триумф во новата сезона, беше подобар и од Навико Академија ФМП (79:62)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 има „два од два“!

Кошаркарите на Феникс 2010 стигнаа и до втората победа во новата првенствена сезона. Со сигурна игра, на свој терен, во СРЦ „Кале“, беа подобри од Навико Академија ФМП.

ФЕНИКС 2010 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП           79:62

Не баш ефикасно прво полувреме одиграа локалните ривали. За 15.минути од играта во првиот дел на семафорот во СРЦ „Кале“ стоеше резултат (26:25). И дури во оние последни пет минути, играта доби на ефикасност. А предноста остана на домашната страна.

Феникс 2010 имаше плус од четири поени (37:33) со добра распределба на поените, додека пак на другата страна, онаа на Навико Академија ФМП со 15. реализации се издвои Овенс.

По реализацијата на „повратникот“ во тимот, Трајковски, домашната екипа одново дојде до највисоките (43:36), откако претходно уште во првата четвртина ја имаа истата предност (тогаш беше 13:6). А по двете „врзани тројки“ на Бекингем, во 25.минута, разликата стана и двоцифрена (49:38), а на крајот на третата четвртина беше и (58:40) за да биде затворена со нешто поблиски (59:46), но не и достижни за екипата од Кисела Вода.

Во домашната, дури тројца играчи со дабл-дабл ефект, Бојан Трајковски во својот прв меч од новата сезона дојде до 19.поени и 11. скока, младиот Амар Хот додаде 12.поени и исто толку скокови, а Бекингем затвори со 16.реализации и 10. скока.

Во гостинскиот тим, освен Овенс кој финишираше со 16.поени, Џонс даде 11, а Пајиќ еден поен помалку.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

Феникс 2010 – Навико Академија ФМП      79:62

Пелистер – Работнички  47:33

Чаир 2030 – ТФТ    83:87

Кожув – Струмица 2022 (во тек)

Еуро Никел 2005 – Куманово 2009 (во тек)

18. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

СТРИМ: https://youtu.be/tj_yqdcwCP0