28.01.2023

Макар и привремено, по сигурниот триумф на гостувањето во Кисела Вода (96:76)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 ја победи и Академија ФМП, сега е на позицијата број 4

Кошаркарите на Феникс 2010 продолжија со победувањето во оваа 2023 година. Втор натпревар и втора победа, која ги води на 4. позиција на табелата, макар и привремено, по некомплетното 13. коло

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ФЕНИКС 2010           76:96

„Фениксовци“ беа подобри во три од одиграните четири чевртини против домашната Навико Академија ФМП, во натпревар во кој во онаа првата реализираа 30.поени гостинските кошаркари, а веќе на полувремето имаа убедива предост (50:39).

Најдобрите моменти „лавивите“ од Кисела вода ги имаа по големиот одмор. Десет минути во кои најавија дека се подготвени да одат по успех. Период од играта во која фатија комплетен резултатски приклучок. Во кој дојда и до негатива од само три поени (64:67).

Но тоа, се чини, беше се од тимот кој сега од клупата го предводи Тони Симиќ...

Феникс 2010 го имаше расположениот Бојан Трајковски, кој имаше ол-раунд издание, креирано со 32 поени 10/16 за два и 3/7 за три поени), осум асистенции и девет скока, но и Митревски, кој запиша уште една добра игра по онаа против Работнички во минатото коло, од 23 поени, седум асистенции и три скока, со коректна поддршка од Петков (11 поени и 4. скока), Хот (шест поени и десет скока). Но и 16 поени кои дојдоа од „резервната единица“.

За скор (8-5), и четвртто место на табелата.

А за домаќините помалку останаа безвредни 24 реализации а Смит-Меквејн, 22 на Мариновиќ, и 10 на Настовски. Навико Академија ФМП по 13 кола останува на три победи.   

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО

Навико Академија ФМП – Феникс 2010      76:96

29.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Струмица 2022 – Кожув

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://youtu.be/EWGvkbJqo3Y

19.00: Куманово 2009 – Еуро Никел 2005

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://youtu.be/MzY4HEKf4lg

31.ЈАНУАРИ (ВТОРНИК)

19.00: ТФТ – Чаир 2030

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/bPyCxHnkyP8

1.ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

17.00: Работнички – Пелистер

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/EQ9-344RxUI

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНО:

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром     88:69