05.02.2023

Феникс 2010 имаше одличен почеток, а во продолжение од мечот, и ги одбрани сите напади на изменетиот состав на Струмица (85:71)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 не попушта, ја помина и Струмица

Кошаркарите на Феникс 2010 ја продолжија серијата на успеси од почетокот на оваа календарска 2023 година. Имаа повеќе од убедлив почеток во дуелот со Струмица 2022, кој и им го трасираше патот до деветтиот триумф во сезоната. Струмичани кои имаат нов тренер, и некои нови играчи, се заканија во неколку обиди, но не направија и ништо повеќе од тоа вечерва во СЦ „Јане Сандански“. 

ФЕНИКС 2010 – СТРУМИЦА 2022 85:71

Ништо не препуштија на случајноста домашните кошаркари Уште од прата минута почнаа да го полнат кошот на екипата од Струмица, видоно изменета, со неколку нови (странски) играчи во ростерот.

Во десет минути забележаа дури 30.поени, а што е поважно, избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ, подобро речено стартните пет, му дозволија на гостинот да реализира само 11.поени, за повеќе од убедливо водство (30:11).

Веќе во 16.минута, Феникс 2010 имаше двојно поголеми (42:21). Во голема мерка поради сјајниот шут, посебно за три поени (6/10) процент кој го подигнаа Трајковски, Митревски и Фалден (по две тројки).

Со забелешка дека Американецот беше беспрекорен во реализацијата. Во тој дел од играта Фалден ги погоди сите шест обиди од поле (4/4 за два и 2/2 за три поени) и имаше 14 поени.

И покрај тоа што дадоа само една тројка (од девет обиди), струмичани симнаа некој поен од негативата. Имаа и предност во тој втор период, кога намалија на (27:43), потоа и (32:45). По заслуга на Крстајиќ и Обиквели, новото лице во тимот кој на овој меч го водеше новиот тренер Јорданчо Давитков, кои реализираа 20 (по десет) од тие 32 поени.

Впрочем, далеку поколективен пристап кон обврските имаше домашната екипа, доказ за тоа беше и распределбата на поените кои Феникс 2010 ја имаше по три одиграни четвртини. Во онаа предност од (68:51), комплетната прва петорка бепе со двоцифрен поентерски ефект.

Освен Фалден, кој стигна прв до такви бројки, Трајковки дојде до 19 реализации, Митревски имаше 12, Хот 11, а Петков уште десет поени.

Сепак, на три минути пред крајот, Струмица 2022 се симна на едноцифрена негатива (71:79). Но домашните кошаркари го одбија и тој последен напад на противникот, и стигнаа до нов успех. За нив деветти во сезоната кој ги остава на делба на третото место, заедно со уште три екипи (ТФТ Моцарт, Еуро Никел 2005 и Гостивар).

Бојан Трајковски прикажа уште едно одлично издание. А беше многу блиску и до троен ефект искусниот крилне играч на Феникс 2010. Постигна 30.поени, но имаше и 12 скока, седум додавања, и индекс 30. А дабл-дабл ефект реализира и Амар Хот, кој на 15 поени придодаде и 11 скока.  

А Бредли Обиквели покажа дека ќе биде сериозно засилување за последнопласираната екипа во лигата. Испорача 30 поени, Крстајиќ имае уште 16 за гостите.

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 14. КОЛО

Феникс 2010 – Струмица 2022 85:71

Пелистер – Навико Академија ФМП 81:67

Кожув – Куманово 2009 94:76

Еуро Никел 2005 – Чаир 2030  80:66

ТФТ – Гостивар      91:77

6.ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (МРТ3)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5B4BxMll3ps?feature=share

ТАБЕЛА: Пелистер 25, МЗТ Скопје Аеродром 24 (-1), ТФТ Моцарт 23, Феникс 201 23, Еуро Никел 2005 23, Гостивар 23, Работнички 20 (-1), Кожув 20, Куманово 2009 17, Чаир 2030 17, Навико Академија ФМП 17, Струмица 15 (-1)