Кошаркарите на Феникс 2010 ја оправдаа фаворитската улога во средбата со дебитантот во друштвото на најдобрите. По негативата во првото полувреме (37:42), со серија од (15-0) на почетокот на второто, ја преземаа контролата над играта и над резуултатот (52:42) и стигнаа до уште еден првенствен триумф.
ФЕНИКС 2010 – ЧАИР 2030 75:67
Одлично прво полувреме одиграа гостите од Чаир. Со видно изменет ростер, и неколку нови играчи, делуваа изненадувачки за одбраната на Феникс 2010. Го најавија тоа уште во првиот период од играта во кој се стекнаа со солидна предност од пет поени (20:15).
Не ја испуштаа избраниците на тренерот Ерхан Рамадан ниту во продолжението на дуелот во СЦ „Јане Сандански“. Напротив, по двете тројки на младиот Тачи, на минута и пол до крајот на полувремето, дојдоа до највисокото водство, довигрено (40:29). Во оние деведесет секунди кои останаа до паузата, односно за големиот одмор, со серија од (8-2), креорнаа од Трајковски и Фалден, фаворитот, па макар и „на хартија“, намали на (37:42).
Како најава за возбудливо второ полувреме...
Но, вторите 20 минути почнаа само како што можеше да посакаат кошаркарите и секако, стручниот штаб на Феникс 2010. Со серија од (15-0) ја преземаа и иницијативата, и по нецели пет минути, поведоа со десет поени (52:42).
Од тој момент Феникс 2010 знаеше и како да го контролира она што го стекнаа во тие пет минути. Иако чаирчани, кои играа доста добро, особено во првото полувреме, се обидуваа да ја направат разликата достижна, не успеваа во тоа, па мораа да се помират со уште еден пораз.
Трајковски одново беше прв стрелец кај Феникс 2010, сега со 21. поен (додаде и седум скока и четири аистенции), Митревски го следеше со 19. Фалден даде 15, а Јанески уште десет.
Кај Чаир 2030 изворедно добра игра прикажа новакот Давел Роби, финишираше со 27 поени (6/10 за три поени), Мустафица го испрати со дабл-дабл скор од 11 поени и 18 скока, а Мохамед беше блиску до двоен фефект, десет поени и девет скока.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 16. КОЛО
Феникс 2010 – Чаир 2030 75:67
Пелистер – Куманово 2009 104:70
ТФТ Моzzart – Работнички 92:89
4. МАРТ (САБОТА):
17.00: Гостивар – Навико Академија ФМП
Сала „Младост“ – Гостивар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5oGs1PdatxE?feature=share
18.00: Кожув – Еуро Никел 2005
Сала „26.април“ - Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GHDVnhCEOOQ?feature=share
6. МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК):
17.00: Струмица 2022 - МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Парк“ – Струмица
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/oZYBc870iso?feature=share
ТАБЕЛА: Пелистер 29, МЗТ Скопје Аеродром 28 (-1), ТФТ Mozzart 27, Феникс 2010 26, Еуро Никел 2005 24 (-1), Гостивар 24 (-1), Работнички 24, Кожув 22 (-1), Куманово 2009 19, Чаир 2030 19, Навико Академија ФМП 18 (-1), Струмица 2022 17 (-1);