02.10.2021

Дебитантот славеше минимален триумф (70:68), против Навико Академија ФМП

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 полета кон првата прволигашка победа

Прв настап, и прва, за клубот, историска победа на Феникс 2010 во Првата лига.

На своето деби во друштвото на најдобрите екипи во Македонија, младите кошаркари на Феникс 2010 беа подобри од екипата на Навико Академија ФМП.

Феникс 2010 – Навико ФМП     70:68

Гостите од Кисела Вода ја добија првата четвртина со (25:18), но вистински пресврт се случи во текот на вториот период во кој домаќините, предводени од Морган (10.поени) и Митревски (два помалку), комплетно ја сменија и играта и резултатот. Ја добија втората четвртина со двоцифрени (19-9), и до истекот на првото полувреме, изградија предност од пет поени (37:32).

Потполно рамноправно се играше во вториот дел. Минути во кои во најголем дел Феникс 2010 ја имаше оваа предност од пет поени. Така беше и на истекот на третата четвртина (56:51).

Многу подраматични беа последните минути од играта. При резултат (65.65), клучната тројка, се чини, ја погоди Американецот Морган, за плус од три поени (68:65), кој ФМП не успеа да го стигне, иако при резултат (69:68), нивниот најдобар играч Крстајиќ погоди една неверојатна тројка за (69:68). Во последните десетина секунди, гостите добија уште една шанса, откако Американецот Џонс беше половичен од линијата за слободни фрлања. Но, иако имаа неколку обиди, не погодија за нерешен скор и продолжение од пет минути.