29.10.2022

Стигнаа до убедлива победа (89:66), трета за нив во четири одиграни кола

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 рутинерски ја одработи задачата против Куманово

На отворањето на четвртиот круг од натпреварите во првата лига, Феникс 2010 стигна до сигурен триумф над Куманово 2009

ФЕНИКС 2010 – КУМАНОВО 2009                  89:66

Уште во раната фаза од натпреварот кој се играше во ран претпладневен термин во СРЦ „Кале“, домашните кошаркари направија комотна предност. По осум минути игра веќе имаа (21:8), за првиот период да го затворат со (23:10).

Не се задоволија со тоа момците на тренерот Денис Дервишевиќ. Како да сакаа што побрзо да го скршат отпорот на не баш доволно мотивираниот противник. Во својата најефикасна четвртина на средбата брзо ја ндмина аи границата од 20. и повеќе поени „вишок“. Така беше и на полувремто.

Одморот Феникс 2010 го дочека со плус 21, односно (49:28).

Многу повеќе од високото водство домашниот стручен тим го задоволи правилната распределба на поените на своите кошаркари, што беше евидентирана и во крајната статистика од средбата во која Куманово беше рамноправен ривал само во второто полувреме.  

Комплетната стартна петорка на Феникс 2010 финишираше со двоцифрен број на реализации. По 16 имаа Трајковски, Митревски (плус десет асистенции) и Фалден. Бекингем имаше 14, а Хот уште 12.поени.

Во далеку од доброто издание кај Куманово, Јанески даде 15, Зивчевиќ 13, а Јузбашиќ уште 12.поени.

По овој прв меч од четврото коло, Феникс 2010 е привремен лидер со скор (3-1), макар до почетокот на дерби дуелот во Гостивар каде вечерва од 19.часот, гостува Работнички.

За кумановци пак ова беше третиот пораз во четири одиграни натпревари.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

29. ОКТОМВРИ (САБОТА):

Феникс 2010 – Куманово 2009            89:66

18.00: ТФТ – Еуро Никел 2005

Сала во СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/BH6jATeP8ko

19.00: Гостивар – Работнички

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://youtu.be/oMmPMZm3WgY

30.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

18.00: Кожув – Чаир 2030

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://youtu.be/iEvZqSqkhhM

18.30: Пелистер – Струмица 2022

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://youtu.be/9G3hJLc_iig

31.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром - Навико Академија ФМП

СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/KrIQAexs_e8