21.01.2024

Одличниот почеток (водство од 32-9), му ја донесе првата победа на Феникс 2010 (109:76) во 2024 година...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс фуриозно до првиот триумф во новата година, со трипл-дабл на Трајковски

Само една одлично одработена (прва) четвртина, им беше доволна на кошаркарите на Феникс 2010 да дојдат до првиот триумф во новата календарска година.

Беа многу подобри од Навико Академија ФМП...

ФЕНИКС 2010 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП           109:76

Повеќе од добро ги одработија првите десет минути избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ. Уште во првата четвртина обезбедија големи, огромни (32:9), а потоа, се беше полесно, порелаксирано за домашниот состав, кој до полувремето веќе имаше двојно поголем број на дадени – 56 од примени поени – 28.

Интересно, комбинирано гледано, Шакур и Рис имаа ист број на поени како комплетниот состав на гостите од Кисела – Вода – 28!

Но одлично функционираа и другите стартери на Феникс 2010, Трајовкси и Стојковиќ реализираа по девет поени, Џонс имаше еден помалку во тоа ефикасно прво полувреме за „фениксовци“.

На другата страна, евидентно беше отсуството на до скоро, најдобриот играч на Навико Академија ФМП, Омотао Огундиран. Недостасуваа и неговите креации, но и реализации. Па поените беа поделени на вкупно осум кошаркари, но без некое „отскокнување“, она поентерско.

На крајот на овој, за двете екипи, прв меч во новата година, најискусниот на теренот, Бојан Трајковски стигна и до трипл-дабл ефект. Затоа што на 19.поени додаде уште и 11.успешни додавања до соиграчите, а имаше и десет скока, девет асистенции. Доволно за индекс 33!

Дабл-дабл ефект од 24.поени и 18. скока во домашниот тим, каде имаше дури шестмина „двоцифрени“ играчи, запиша Џозеф Рис.  

Ова беше и осма победа на Феникс 2010 во досегашниот дел од сезоната, доволна за делба на шестата позиција (заедно со екипата на ТФТ Моцарт).    

По 14 кола, Навико Академија ФМП останува на ефект од 3. победи и 11.порази.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО

Феникс 2010 – Навико Академија ФМП      109:76

Охрид – Кожув      74:72

Еуро Никел 2005 – Гостивар     97:85

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 66:72

Работнички – Чаир 2030            84:70

ТФТ Моцарт – Вардар     92:82

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26, Еуро Никел 2005 25, Работнички 24, Пелистер 24, Чаир 2030 23, Феникс 2010 22, ТФТ Моцарт 22, Гостивар 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17, Навико Академија ФМП 17;  

ИДНО КОЛО (27.01)

Вардар – Чаир 2030

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

Навико Академија ФМП – ТФТ Моцарт

Пелистер – Еуро Никел 2005

Кожув – Феникс 2010

Охрид - Гостивар