26.11.2023

И стигна до сигурен триумф (92:70), но и едно место погоре на првенствената табела

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Феникс ја потврди фаворитската улога во Охрид

Во последниот натпревар од деветтото коло, Феникс 2010 одигра одлична втора четвртина во која го скрши отпорот на охриѓани, и ги освои двата бода од гостувањето во „Билјанини извори“.

ОХРИД – ФЕНИКС 2010  70:92

По изедначените десет минути, кошаркарите на Феникс 2010 направија голема разлика во текот на втората четвртина.

Во тој период, гостите од Скопје имаа двојно повеќе дадени поени – 27, отколку примени – 13. Па на полувремето се стекнаа со убедливо водство од (51:36).  

Одлично функционираше двоецот на Феникс 2010, Трајковски-Рис кој испорача дури 33 поени, скоро колку целиот тим на Охрид.

Феникс имаше неверојатен шут за три поени, од дури 70% (7/10 зад линијата од 6.75 метри, Димчевски 3/3 и Трајковски 3/4) во тие 20.минути од играта, но и високи 17. асистенции, многу повеќе од ривалот од Охрид кој имаше само шест.  

Во продолжението на играта, нешто поефикасна игра на охридскиот прволигаш која резултираше со намалување на негативата на едноцифрена, Дојдоа домашните кошаркари на минус од осум поени (51:59), кога се играше 26.минута. Но не направија ништо повеќе од тоа. До крајот на третиот период, Феникс 2010 ја врати високата позитива, имаше сигурни (67:54).

Во воведните минути од четврттата, гостите има уште повисоки (75:58). 

Она што го почнаа во првото, Трајковски и Рис го продолжија во второто. На крајот, искусното крило застана на ефект од 35.поени (7/10 во шутот за три поени), седум скока и четири асистенции.

Американецот кој ротира на центарските позиции го следеше со 27.реализации (беспрекорни 11/11 во обидите за два поени), додека Димчевски испорача уште 11. поени во петатта победа на Феникс 2010 во сезоната.

Неговиот сонародник од САД, Бернард го предводеше домашниот тим со 16.реализации, 13. поени даде Ибраими, а Волканоски уште десет.

Охрид останува на една победа во девет одиграни натпревари.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Охрид – Феникс 2010     70:92

Пелистер – Вардар          116:74

Гостивар – Навико Академија ФМП  90:92

Кожув – Работнички        84:90

Еуро Никел 2005 – ТФТ Моцарт          66:65

МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030 91:58

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17, Еуро Никел 2005 15, Работнички 15, Пелистер 15, Чаир 2030 15, ТФТ Моцарт 14, Феникс 2010 14, Гостивар 13, Вардар 12, Кожув 11, Навико Академија ФМП 11, Охрид 10; 

ИДНО КОЛО (02.12)

Навико Академија ФМП – Пелистер

Чаир 2030 – Еуро Никел 2005

Кожув - Гостивар

Работнички – Феникс 2010

ТФТ Моцарт – Охрид

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром