Две гостински победи, на Феникс 2010 против Кожув, односно на Чаир 2030 „Под Кале“ против Вардар. „Честа на домаќините“ ја спаси екипата на Гостивар со убедлив триумф против Охрид...
КОЖУВ – ФЕНИКС 2010 76:95
Кошаркарите на Феникс 2010 триумфално го заокружија гостувањето во Гевгелија кај Кожув, победувајќи на крајот убедливи (95:76). И покрај тоа што првата четвртина беше во „егал“, во останатите три, гостинската екипа беше многу подобар противник и на крајот славеше со висока позитива.
ФОТО: Филип Данински - КК Кожув- Гевгелија
Џозеф Рис од Феникс 2010 со 25. поени беше најефикасен кошаркар на средбата. Двоен ефект направи Трајковски, кој освен 16.поени додаде и 12. скока, а во стартната петоека на гостите, Џонс заврши со 16, а Дениел со 11.поени.
Во домашниот состав, Хукиќ реализираше 17.поени, Колев имаше 13, а Слејтер и Артисон по 11. поени.
ВАРДАР – ЧАИР 2030 60:102
Гостите од Чаир од самиот почеток тргнаа кон потцртаната цел и по првите две четвртини водеа со веќе убедливи (53:29). Вардар не можеше да му парира на ривалот, па до крајот гостите реализираа и повеќе од 100 поени.
Најефикасен кај победничкиот тим беше екс-репрезентативецот, Валмир Какруки со 26 поени, (додаде и шест скокови и четири асистенции), повратникот во тимот Давел Роби го следеше со 23.поени, девет асистенции и шест скока, додека Мустафица го заврши дуелот „Под Кале“ со двоен ефект изразен преку 21.поени и 10. скока (плус и пет асистенции).
На другата страна, малдинскиот репрезентативец Филип Наков постигна 12 поени, а јуниорскиот, Марко Луканоски освен десет реализации, оствари и девет скока.
ГОСТИВАР – ОХРИД 108:86
Гостивар создаде убедлива предност уште во првата четвртина (29:17), а водството го чуваше до крајот на полувремето (56:46).
Охрид не успеа да се врати во мечот и му дозволи на Гостивар во третата четвртина да направи исчекор. Односно да поведе со (85:66) и да ја обезбеди победата. За нив петта во сезоната со која се зацврсти на осмата позиција, последната која води во плеј-офот.
Најдобар кај Гостивар беше Американецот Вилијамс, стрелец на 29. поени на кои додаде и 11. скока, двоен ефект, и блиску до троен, беше Инграм (19.поени, 10.асистенции и 9.скока), додека Андерсон постигна 27, а Лајонс 21. поен за Охрид.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 15.КОЛО
Вардар – Чаир 2030 60:102
Кожув – Феникс 2010 76:95
Гостивар – Охрид108:86
Пелистер – Еуро Никел 2005 81:83
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 91:95
Навико Академија ФМП – ТФТ Моцарт 62:90
ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Работнички 26, Пелистер 25, Чаир 2030 25, Феникс 2010 24, ТФТ Моцарт 24, Гостивар 20, Кожув 18, Охрид 18, Навико Академија ФМП 18,Вардар 18;
ИДНО КОЛО (03.02)
Феникс 2010 – Гостивар
Чаир 2030 – Навико Академија ФМП
ТФТ Моцарт – Кожув
Охрид – Пелистер
Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром
Работнички - Вардар