Кошаркарите на Фенимс 2010 стигнаа до десеттата победа во првенството откако вечерва беа доста подобар ривал од Гостивар. Овој успех, и скорот (10-6) ги остава во трката за позицијата брј 4, која носи предност на играње на домашен терен во плеј-офот.
ФЕНИКС 2010 – ГОСТИВАР 105:90
Доста ефикасно се играше од самиот почеток на натпреварот. А тие први десет минути ги одбележа најискусниот во домашната екипа, Бојан Трајковски, кој реализираше 12. од оние 28 поени на Феникс 2010 (гостиварци имаа четири помалку).
Во онаа втората, домаќините стигнаа и до првата двоцифрена предност. По три минути игра, имаа плус 10 (41:31), а некоја минута подоцна, таа разлика беше уште поголема. Имаше Феникс 2010 и позитива од 17.поени (52:35), кога се играше 17.минута. А она што е за истакнување е што во оној офанзивен дел се вклучија Рис и Џонс, кои дури и го надминаа оној почетен ефект на Трајковски. Искомбинираа 27 поени (14 плус 13) во таа убедлива предност, која ја задржаа и до големата пауза (58:41).
Во продолжението од натпреварот доста поизеднаена игра. Вилијамс и Инграм ја диктираа играта во нападот кај Гостивар, но недоволно и за нешто повеќе, однос намалување на високата негатива.
На другата страна, Метјус стана четвртиот играч со двоцифрен број на реализации. А Трајковски се устреми кон нов трипл-дабл, трет во оваа сезона. За нецели три четвртини имаше, силното крило веќе имаше 16.поени, но и 11 скока и 5 асистенции.
По три четвртини Феникс 2010 и Гостивар беа на истото растојаниое од полувремето, (82:65).
Иако останаа уште десет минути, тие не донесоа никакви резултатски промени, а Феникс 2010 запиша и „стотка“ во која имаше одлична распределба на поените и другите статистички сегменти од играта.
Рис имаше нова добра ол-раунд партија која ја заокружи со реализација на 27.поени, 10.скока, и пет успешни додавања. Трајковски дојде до сличен ефект од 20.поени, 13.скока и 6.асистенции. Ги следеа Џонс со 19.поени (и шест асистенции), Метјус со 14 и Дениел со 12. реализации.
Кај екипата од Гостивар, Инграм застана на ефект од 28.поени, 9.скока и 7.асистенции, Вилијамс имаше 20 (и по 4 скока и исто толку асистенции), Златевски реализираше 13, а Остен уште 10. поени.
Во среда, следуваат преостанатите три натпревари од ова 16.коло. Дерби-дуелот е во Кавадарци. Од 18.30 часот, во салата „Јасмин“, ќе играат двете првопласирани екипи на табелата, Еуро Никел 2005 и МЗТ Скопје Аеродром. Од 17.часот, на распоредот е средбата Охрид (3-12) и Пелистер (10-5), во салата „Билјанини извори“, а во СРЦ „Кале“, од 18.часот, е закажан дуелот помеѓу екипите на ТФТ Моцарт (9-6) и Кожув (3-12).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 16.КОЛО
Феникс 2010 – Гостивар 105:90
Чаир 2030 – Навико Академија ФМП 103:73
Работнички – Вардар 101:58
7.ФЕВРУАРИ (СРЕДА)
17.00: Охрид – Пелистер
Сала „Билјанини извори“ – Охрид
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2tqm57qKWgM?si=8Ep2E40gaHGEJ_fd
18.00: ТФТ Моцарт – Кожув
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/B5ODiz5-maQ?si=NVYkcgNf3IkHXVzP
18.30: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)
Сала „Јасмин“ - Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/42ksvrnvICg?si=P3rsY-EIfqeIazW9
ТАБЕЛА: Работнички 28, Еуро Никел 2005 27 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 27 (-1), Чаир 2030 27, Феникс 2010 26, Пелистер 25 (-1), ТФТ Моцарт 24 (-1), Гостивар 21, Навико Академија ФМП 19, Вардар 19, Кожув 18 (-1), Охрид 18 (-1);