Навистина ретко издание имаше Дарил Френклин на вечерашниот натпревар во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода. Со 45.реализации и 10.скока, го носеше својот тим кон голем пресврт, и што е поважно, победа со која ставија крај на поразителните резултати за новакот во прволигашата конкуренција.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР 2030 84:91
Максимално изедначено беше првото полувреме во дуелот на двете екипи кои се во оној долен дел од табелата. Во првите 20.минути ниту Навико Академија ФМП, ниту Чаир 2030 не направија некоја сериозна предност. Минималните (23:22), кои ги имаа „лавовите“ на крајот на првата четвртина, беа непроменети и до заминувањето во соблекувалните (46:45).
Пајиќ имаше 11. реализации, а Коскоски уште 10 за домашната екипа, додека пак Френклин се одвои со 16.поени, а дабл-дабл направи Јусуф Мохамед (по десет поени и десет скокови) во тој прв дел од играта во салата „Независна Македонија“.
Во продолжението, откако гостите од Чаир поведоа со (60:58), уследи серија на Навико Академија ФМП од (12-3), доволно да „побегнат“ на солидни (70:63), а таа трета четвртина да ја затвори, со тројка, најдобриот играч на чаирчани, Френклин, за (66:70).
Во онаа последната, и решавачката, Френклин продолжи да го полни кошот на домашната екипа. По неговиот нов точен обид за три поени, на 03:23 минути пред крајот, Чаир 2030 поведе и со (87:80).
„Лавовите“ намалија на (84:88) во последната минута. Но како круна на својата, веројатно и партија на кариерата, Френклин стави на 16 секунди пред крајот, кога положи за недостижни (91:84), и трета победа за Чаир 2030 во сезоната.
Феноменалниот настап (ги одигра сите 40.минути) го комплетира со 45 поени, и 10 скока, но и четири асистенции, и по три освоени односно загубени топки, доволно за индекс -41!
Дабл-дабл во екипата победник оствари и Јусуф Мохамед, изразен со 16 поени и 16.скока, а Реџа помогна со десет реализирани поени.
Кај Навико Академија ФМП, практично, барем поентерски, добро одработи стартната петорка, со исклучок на Настовски, но неговиот ефект го надополни Златевски. Но немаа решение како да го запрат неверојатниот Американец во составот на чаирчани.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10.КОЛО
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР 2030 84:91
РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005 92:87
СТРУМИЦА 2022 – КУМАНОВО 2009 90:85
ГОСТИВАР – КОЖУВ 100:83
ПРЕТХОДНО ОДИГРАНО:
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 95:90
19.ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/rpZwnuh5SDg
ТАБЕЛА: Гостивар 18, Пелистер 18, МЗТ Скопје Аеродром 17 (-1), ТФТ 16, Работнички 16, Феникс 14 (-1), Еуро Никел 2005 15, Кожув 13, Навико Академија 13, Куманово 2009 12, Струмица 2022 12, Чаир 2030 12;