25.03.2024

Дури во екстра периодот, скопските „црно-бели“ стигнаа до триумфот на гостувањето во „Билјанини извори“, конечни (89:78)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Фуриозни пет минути на ТФТ за два бода од Охрид

Кошаркарите на ТФТ Моцарт им се вратија на „домашните обврски“, и тоа со гостување во Охрид. Наместо 40 мораше да играат дополнителни пет за да го „скршат отпорот“ на домашната екипа.

ОХРИД – ТФТ МОЦАРТ   78:89

Максимално изедначено се играше во првото полувреме од мечот во СЦ „Билјанини извори“. Двете екипи имаа по 37. постигнати поени.

Најава дека и во вторите 20.минути може да се очекува некое слично сценарио. Но гостите од Скопје беа тие кои успеаја да се одвојат, резулттски секако...

Имаа одлична трета четвртина во која дадоа двојно повеќе поени од противникот (22-11), па се стекнаа и со двоцифрена предност (59:48).

Но во првите четири минути од последната, Охрид направи една добра серија, по која таа негатива ја направи и тоа како достижна. Домаќините заостануваа само четири поени (62:66).

Но ТФТ Моцарт го одбрани тој домашен налет, преку Ташовски и Калхун, гостинската екипа се врати  на сосема солидни (70:62).

За кратко, затоа што охридскиот прволигаш одново се доближи, сега на негатива од само три поени (67:70), кога останаа да се доиграат нешто помалку од четири минути. Но тука и не застана серијата на Охрид, со нови четири поени реализирани од Лајонс, домаќините преминаа и во водство (71:70). Па на 2:14 минти пред крајот, тренерот на „црно-белите“, Боро Смилковски беше принуден на тајм-аут.

Гостите израмнија на (72:72), а во последните нецели две минути испуштија и едните и другите, да стигнат до победа во регуларниот дел.

Мораше да се играат дополнителни пет...

Во нив, скопјани, по тројката на Зафиров, за две минути игра, направија (7-0) и поведоа со (79:72). С епокажа како тешко достижно за Охрид, кој испушти голема шанса да направи уште едно изненадување и да се доближи до опстанокот. 

Во редовите на ТФТ Моцарт имаше петорица играчи со двоен број на поени. Ташовски постигна 19.поени, Зафиров имаше 17, Николов 15, Калхун доје до ефект од 14.поени, а десет даде и Луис. 

Кај Охрид, Андерсон реализираше 27.поени, имаше и десет скока, Бревер и Лајонс имаа по 22. поени, а двајцата искомбинираа и неверојатни 33 скока, но премалку за конечен успех.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 21.КОЛО

Охрид – ТФТ Моцарт       78:89

Еуро Никел 2005 – Чаир 2030  93:94

Гостивар – Кожув 104:73

Феникс 2010 – Работнички       69:98

27. МАРТ (СРЕДА)

19.00: Пелистер – Навико Академија ФМП

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/vVQy9yTMRa4?si=Wy_C7iZcwhirovDg

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Вардар

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/H7n705KdPok?si=7mxjlIkSVMHZRbO3

ТАБЕЛА: Работнички 38, МЗТ Скопје Аеродром 36 (-1), Чаир 2030 35, ТФТ Mоцарт 35, Еуро Никел 2005 34, Пелистер 34 (-1), Феникс 2010 32, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 26, Навико Академија ФМП 24 (-1), Вардар 23 (-1);