09.03.2024

„Вардарци“ остануваат на последното место по високиот минус на гостувањето во Гостивар од (75:101)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар е уште еден чекор поблиску до плеј-оф зоната

Немаше дилеми околу победникот на средбата во салата „Мпадост“ во Гостивар.

ГОСТИВАР – ВАРДАР       101:75

Една четвртина, онаа првата, покажа кој е кој на овој натпревар. Во првите десет минути, Гостивар имаше скоро двојно повеќе дадени, од примени поени. Односно водство од (29:14), кое беше една добра основа за она што следуваше во преостанатите три.

А и во нив немаше ама баш никакви дилеми дека гостиварци ќе дојдат до победата. Затоа што на одморот веќе имаа позитива од 21.поен (52:31).

А и по одморот работите не се променија, воопшто. Гостиварци продолжија со ефикасната игра, по три четвртини беа уште подалеку, на резултат (79:50).

Одлични минути за Гостивар имаше Слејтер кој заврши со 30.поени (во три одиграни четвртини), Вилијамс го следеше со 19, Инграм со 16. реализации. А младиот репрезентативец Тома Стојаноски се врати на теренот со 12.поени како стартер, додека во екипата на Вардар, Хот дојде до дабл-дабл ефект. Младиот репрезентативец на Македонија постигна 16.поени, имаше и десет скока. Ист број на поени - 17, имаше и Митков, додека Кејс го заврши мечот со 13.поени и 9.скока.

Ова е шестта победа за Гостивар во сезоната, која ги остава на позицијата број 8, последната коај води во доигруавњето за титулата.

Вардар останува на бројката од три победи во 19. одиграни кола.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 19.КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Моцарт 78:56

Еуро Никел 2005 – Феникс 2010         84:68

Кожув - Навико Академија ФМП        86:60

Охрид – Работнички        96:111

Пелистер – Чаир 2030    85:55

Гостивар – Вардар           101:75

ТАБЕЛА: Работнички 34, МЗТ Скопје Аеродром 34, Чаир 2030 32, Еуро Никел 2005 32, Пелистер 32, ТФТ Mоцарт 31, Феникс 2010 30, Гостивар 25, Кожув 24, Охрид 23, Академија ФМП 23, Вардар 22;

ИДНО КОЛО (16.МАРТ)

Навико Академија ФМП – Гостивар

Работнички – Кожув

Вардар – Пелистер

ТФТ Моцарт – Еуро Никел 2005

Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром

Феникс 2010 - Охрид