22.04.2023

Со победа, и тоа убедлива против Феникс 2010 (98:74)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар ја „потврди“ позицијата четири

Честа да го затворат регуларниот дел од сезоната ја имаа екипите на Гостивар и на Феникс 2010. Гостиварци ја искористија предноста на домашниот терен во „Младост“, стигнаа до релативно лесен триумф со кој ја заверија четврттата стартна позиција во плеј-офот.

ГОСТИВАР – ФЕНИКС 2010        98:74

Гостивар беше убедлив во првата, Феникс 2010 врати со иста мерка во втората. По воведното, високо водство на Гостивар по десет минути игра (27:15), гостите од Скопје анулираа добар дел од негативата. До големиот одмор се доближија на минус од пет поени (44:49).

Но избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ како да немаа доволно енергија да продолжат во исто темпо и по оние задолжителни 15.минути предвидени за одмор, и совети, како понатаму...

Уште подобро продолжија гостиварци, кои вечерва имаа тројца и тоа како расположени стрелци. Корсантија, Ефремовски и Вучковиќ ја носеа домашната екипа кон триумфот со кој беше само потврден високиот пласман, и местото број 4, кој им носи предност на играње на домашен терен во серијата против Работнички, кој заврши една позиција подолу.

До крајот на натпреварот овој „трилинг“ комплетираше 67, од крајните 90 поени за победничката екипа, каде уште 13 додаде Димитриески.

Во онаа поразената блескаа младите Митревски (27.поени, пет асистенциии и четири скока), Петков (17.поени), како и искусниот Трајковски, кој се врати на терените со 19.поени, во најголем дел реализирани во првото полувреме.

Феникс 2010 го заврши првиот дел од првенството со ефект (11-11), и седмо место на табелата, за серија против Пелистер, кој ја има предноста на играње на евентуалната „мајсторка“ на домашен терен, во Битола.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22.КОЛО

Гостивар – Феникс 2010 98:74

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер     95:93

Работнички – Кожув        58:86

Навико Академија ФМП – Еуро Никел 2005   76:87

ТФТ Mozzart – Куманово 2009 107:70

23. АПРИЛ (НЕДЕЛА):

17.00: Струмица 2022 – Чаир 2030

Сала „Парк“ - Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W7dLJ5Edn3Q?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром (20-2), Пелистер (17-5), ТФТ Моzzart (15-7), Гостивар (15-7), Работнички (13-9), Феникс 2010 (11-11), Еуро Никел 2005 (12-10), Кожув (10-12), Чаир 2030 (6-15), Навико Академија ФМП (5-17), Куманово 2009 (5-17), Струмица 2022 (2-19);