23.03.2024

А екипата од Гевгелија, по поразот на гостувањето во салата „Младост“ (73:104) ќе биде дел од плеј-аут лигата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар ќе игра во плеј-офот

Екипата на Гостивар ќе биде осмиот и последен учесник во доигрувањето за шампионската титулата затоа што во мечот на одлука, беше далеку подобар противник од Кожув. Стигнаа гостиварци до повеќе од убедлива победа, која ги тргна сите дилеми кој ќе биде осмопласиран во регуларниот дел од сезоната.

ГОСТИВАР – КОЖУВ         104:73

Кога беше најпотребно, екипата која ја предводи тренерот Јорданчо Давитков одигра и најдобро. Во натпреварот во кој победата ги „бетонира“ на осмото место, она последното кое води во плеј-офот, делуваа мошне мотивирано, но и квалитетно против екипата која пред извесно време направи една своевидна „реконструкција“ во ростерот.

Го најавија тоа гостиварци уште во првата четвртина во која се стекнаа со убедливо водство (28:15), кое до полувремето го зголемија на (51:36).

А сите дилеми беа симнати во текот на третата четвртина, и најдобрата на Гостивар во која реализираа дури 31, а примија само 13 поени, за недостижни (82:49).

Повеќе од доволно за осма победа во 21. одигран натпревар, или недостижни три повеќе во однос на Кожув во пресрет на последната рунда од натпреварите во Првата лига.

Одлично ги одработи овие 40.минути стартната петорка. Предводена од Вилијамс, кој реализираше 25.поени (но и девет скока и седум асистенции), Инграм дополни со 24, но и 15 скока. Двоен ефект запиша и младиот Стојаноски, кој на 10 поени придодаде и 13.скока, а двоен број на поени имаше уште еден млад играч – Костоски, кој даде 19 (имаше и шест скока), но и Слејтер кој дојде до 15.победи.

Во екипата од Гевгелија, Милер беше стрелец на 18, Пен даде 11, а Марковиќ додаде уште 10. поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 21.КОЛО

23.МАРТ (САБОТА)

Гостивар – Кожув              104:73

Феникс 2010 – Работнички       (во тек)

21.00: Еуро Никел 2005 – Чаир 2030

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Cb1WXguT1YY?si=587aICR2yysUxre9

25. МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК)

17.00: Охрид – ТФТ Моцарт

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/izRsc4KBjSE?si=w8l98j_9yGAorFq0

27. МАРТ (СРЕДА)

19.00: Пелистер – Навико Академија ФМП

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/vVQy9yTMRa4?si=Wy_C7iZcwhirovDg

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Вардар

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/H7n705KdPok?si=7mxjlIkSVMHZRbO3

ТАБЕЛА: Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 36, Пелистер 34, Еуро Никел 2005 33, Чаир 2030 33, ТФТ Mоцарт 33, Феникс 2010 31, Гостивар 29, Кожув 26, Охрид 25, Навико Академија ФМП 24, Вардар 23;